Македонија
Агенцијата за храна и ветеринарство: Зоонозите се опасни за здравјето на животните и на луѓето
Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни, кои се пренесуваат и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми, и тоа вируси, бактерии, паразити, габички и други. Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни или нивната непосредна средина доколку е контаминирана со нивни секрети и екскрети, а во одредени случаи и инфицираниот човек, иако тој ретко може да биде извор на зараза, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Луѓето може да се инфицираат и преку одредени производи млеко, месо, јајца или суровини – кожи, особено доколку се со непроверено потекло или се добиени од објекти и оператори со храна кои не се одобрени и не се под контрола на надлежен орган. Причинители на зоонози се и инсектите – вектори. Улога на вектори имаат и крлежите, вошките, болвите, комарците, како и други инсекти артроподи“, истакнува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство по повод 6 Јули – Светскиот ден на зоонозите.
На зоонози најмногу се изложени луѓе што работат со животни или работат во производство и преработка на производи што потекнуваат од животни – месо, кожа, волна – сточари, ветеринари, ловџии.
„Домашните животни, поради поголем контакт со луѓето, многу почесто се извор на зараза од дивите животни“, вели Бабовски и апелира, поради овие причини, домашните миленичиња по препорака и совет на ветеринар да се третираат против паразити. Рацете да се мијат редовно, да не се допираат лицето, областа околу устата и носот со валкани раце, но и граѓаните да не одат боси по трева и да ги одбегнуваат местата каде што има комарци и крлежи.
Доколку граѓаните се наоѓаат на место каде што има многу комарци, да носат светла платнена облека со долги ракави и ногавици, која ќе го заштити нивното тело од убоди, по прошетка во природа, облеката и телото да се прегледаат.
„Доколку забележите крлеж, тој треба веднаш да се отстрани од страна на стручно лице – лекар. Да се внимава и да не се пие вода од места каде што постојат индикации дека можеби е загадена со животински измет. Храната термички да се третира, да се одбегнуваат контакти со глодачи и нивен секрет. Доколку од својата околина мора да се отстрани пцовисано животно, треба да се користат маска и гумени ракавици, мршата треба претходно да се дезинфицира со средство за дезинфекција“, апелира тој.
Храната да се заштити од глодачи и да се чува на безбедно место. Зеленчукот и овошјето темелно да се мијат пред употреба, препорачуваат од Агенцијата за храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.