Македонија
АД ЕЛЕМ: Понудивме пумпи за обезбедување кислород на загрозената локација, нивото е 17 сантиметри над границата
Во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки Канал, АД ЕЛЕМ информира дека како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на езерото во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17 см над долната граница според дозволата, односно 10 см според мерната скала на Хидрометеоролошки завод.
„Испустот на вода преку регулацискиот отвор од Охридското Езеро во реката Црн Дрим е на минимално ниво што е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, а која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината“, соопшти АД ЕЛЕМ.
Како што информираат оттаму, за да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко Блато и недоволното количество вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислорот на загрозената локација бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

