Македонија
Алатката за потрошените пари на министрите работеше само три месеци
Ја промовираа во март 2018 година, а работеше до мај 2018 година. Алатката за отчетност на трошоците на министрите и другите јавни функционери беше најавена како начин за докажување на транспарентноста на Владата и сите трошења на министрите, а не е ажурирана осум месеци.
Преку алатката можеше да се види колку пари потрошиле министрите за авионски билети, хотелски сместувања, ресторани, дневници, такси-превоз, подароци, сметки за мобилен телефон. Таа даваше можност за споредба, односно можеше да се види колку пари за овие намени потрошиле претходниците од ВМРО-ДПМНЕ во 2014, 2015 и во 2016 година.
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, алатката ја претстави пред јавноста на 21 март минатата година и рече дека целта е трошењето да се сведе на минимум и само за продуктивни трошоци.
„Софтверот е изработен и да алармира за евентуални недоследности и отстапки во трошењето“, рече тој.

Последните промени се направени во мај 2018 година
Власта тогаш се пофали дека потрошила помалку од претходниците од ВМРО-ДПМНЕ, но два месеца подоцна, во мај минатата година, алатката престана да функционира. Јавноста може да ги види старите податоци, но не и трошоците што ги направиле министрите во последните осум месеци.
Во август минатата година медиумите апелираа дека алатката за отчетност не е ажурирана, а портпаролот Миле Бошњаковски објасни дека не излегле со нови информации бидејќи „изминатиот период бил полн со политички активности, ама и дека алатката делумно во софтверскиот дел ќе претрпи промени“.
„Можете да очекувате многу набргу да биде објавен наредниот циклус. Се работи, собрани се податоците. Станува збор за технички нагодувања на самата алатка со цел да биде поедноставна и појасна за користење“, рече владиниот портпарол за „Независен“.
Бошњаковски не одговори на нашите прашања од типот зошто алатката за транспарентност сè уште не е ажурирана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН.
Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:
„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

