Македонија
Битиќи-Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на нашата земја

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон,
На почетокот на средбата вицепремиерот Битиќи му посака добредојде во нашата земја и изрази сочувство за смртта на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на неговото величество, кралот Чарлс Трети.
Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Лосон разговараа за економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји, како и можностите за развој на истата истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на нашата земја.
Амбасадорот Лосон се заблагодари за топлиот прием и надеж дека партнерскиот однос и добрата соработка ќе продолжи и во неговиот мандат, истакнувајќи дека Обединетото Кралство е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава.
Вицепремиерот Битиќи се заблагодари на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната развојна стратегија 2022 – 2042.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.
Македонија
Сериозен дефект на водоводна цевка во Влае, голем дел од Скопје без вода

ЈП Водовод и канализација извести дека вечерва поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600мм. на улицата Франце Прешерн 100Д во населба Влае со прекинато водоснабдување ќе биде голем дел од градот, а останатот дел од градот ке биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.