Македонија
Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат
„Не може да го заборавиме 27 април, 2017 година, кога државата беше доведена на раб од граѓанска војна само за тоа што Груевски не сакаше да ја напушти власта. Режимот сакаше да не сврти едни против други, политичката битка да ја направи меѓуетничка. Ова не смее да се заборави, не смее да им се прости, бидејќи денешното ВМРО-ДПМНЕ го водат истите тие кои беа зад завесите на овој трагичен ден за нашата демократија“, порача на средби со жителите на скопската општина Чаир, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека кај ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска нема место за различности, во нивниот тесен политички поглед, секој е еден кој не ги прифаќа ксенофобичните ставови е исклучен, маргинализиран и отфрлен.
„Кај нив нема место за граѓаните кои веруваат во Македонија дека може да биде европски дом, во кој ќе има место за секого. Но имаат една несреќа, а тоа е дека тие граѓани се многу повеќе отколку што се ВМРО-ДПМНЕ и за тоа на 8-ми мај да им го покажеме патот кон буништето на историјата“, порача Битиќи.
Тој апелира на парламентарните и претседателските избори, да се покаже европска зрелост и да не му се даде шанса на национализмот повторно да ја освои државата.
„Да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите, бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, упати повик до жителите на Чаир, потпретседателот на СДСМ, Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес свечено примопредавање на претседателската функција
Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 08.30 часот до 10.30 часот, поради одржување на улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај и тоа по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански одреди“, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени
Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје сончево со умерена, а попладне зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 24 степени, јавува УХМР.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.