Македонија
Ванковска на трибина на АФЖ-Левица – го одбележаа Денот на жената
По повод годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л) во чест на Денот на жената, 8 Март, се одржа трибина на тема „Жени во политиката“.
На настанот, свои поздравни обраќања имаа првата кандидатка на Левица за претседател на Р. Македонија, професорката Билјана Ванковска, и претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев.
Пред присутните се обрати и раководителката на АФЖ-Л, Весна Кираџиева, која заедно со проектниот тим, на трибината ги презентираше резултатите од спроведеното истражување во врска со аспектите на вклученост на жените во политиката и нивните размислувања.
Со оглед на тоа дека 8.3.2024 е денот кога и официјално завршува собирањето на потписи за претседателски кандидати, со оваа интерактивна свеченост се заокружи и овој дел од процесот.
Настанот се реализираше под слоганот „Борбата пак се раѓа“, а беше во организација на АФЖ-Л.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.