Македонија
(Видео) Вељаноски за 27 април: Ни на крај памет не ми паднало дека може да дојде до таков настан
На 27 април пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста, изјави претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, читајќи ги точките од обвинението.
Тој рече дека од обвинителство го товари за 4 дејствија што ги преземал на 27 април.
„Мојот телефон бееше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија телефонот. По година дена покренуваат обвинение против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го зедоа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како да сум терорист? Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара. Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.
Тој додаде сакал да си замине и порано, но на подобар, а не на ваков начин.
Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски. Според деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

