Македонија
(Видео) Заев смета дека Мицкоски не може да одржи опозиција, а не да земе ново мнозинство
Од сето тоа учиме, не сме сјајни, имаме свои слабости, но сме подобри од противниците. Ова го смета претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев. Според него, не е возможно ново парламентарно мнозинство бидејќи, како што рече, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал проблем да се одржи и во опозиција.
„Ние ги изгубивме нашите гласови, не ги дадоа на противникот, но останаа дома. Затоа се обратив на тие граѓани, кои не сакаат режим и кавги дома и со соседите. Но, седејќи дома, ќе го овозможат тоа за што се бореле како граѓани. Затоа адресираме до нив. Дел е недоволната отвореност на досегашните градоначалници и кандидати, недоволната активност за кандидатите. Канализацијата во руралните средини не донесе гласови. Веројатно граѓаните очекуваат повеќе“, рече Заев.
Според него, незапочнатите, а ветени преговори со ЕУ, исто така се одразуваат на одлуката на граѓаните да не дадат поддршка за СДСМ.
„Мицкоски има проблем да одржи опозиција, а не да зема ново парламентарно мнозинство. Никој нашите гласачи не ги носи во џебот. Ние можеме да ги привлечеме врз основа на кандидати и програма. Нашите членови, кои се активисти на СДСМ, ќе добијат задача да гласаат за СДСМ во Чашка, Долнени, Арачиново. Ние за членовите може да дадеме инструкции. Тие сами се определуваат, тропаат на врата за нас“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

