Македонија
(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е наследник на Ванчо Михајлов, го прифаќа и се гордее со него
Мојот личен став и ставот на мојата партија за негативниот лик и дело на Ванчо Михајлов не е променет, тој е ист, порача прмиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во одговор на пратеничко прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
„Мојот став е ист и кога неговата фигура беше поставена во Музејот во Ново Село во Штип, со говор на вашиот почесен претседател, осудено лице за криминал и бегалец, Никола Груевски. Мојот негативен став за него е ист и кога неговата фигура беше ставена и во Музејот во Скопје како дел од криминалот на Груевски и вашата партија, вашите сопартијци, во најголемиот криминален проект ‘Скопје 2014’.
Не знам дали го имате на сликите во вашиот бел дворец. Но, знам дека токму ВМРО-ДПМНЕ од своите почетоци е наследник токму на Ванчо Михајлов. Тоа е срамно и недозволиво. Срамно е што вие во вашиот статут и грб се повикувате на континуитетот и на Тодор Александров и на Протогеров за кого редовно пеете песни. Патем, нивниот ученик и соработник, токму Ванчо Михајлов, ги реализира нивните ликвидации. Како што сложно тројцата претходно, учествувале во ликвидациите на огромен број македонски левичарски револуционери. Како што тој срамен лик бил водач на ВМРО во 20-тите години на минатиот век, а вие тоа го прифаќате и се гордеете со тој континуитет“, порача Ковачевски.
Тој посочи и дека дел од основачите на клубот „Ванчо Михајлов“ биле фотографирани со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека токму таа партија го слави ликот и делото на Михајлов.
„Па свртете се, ве молам, околу вас, во белиот дворец, видете ги сликите во него, прашајте ги вашите ветерани и тие ќе ви кажат дека тие го слават Ванчо Михајлов, не јас, ниту СДСМ ниту најголем дел од нашите сограѓани“, истакна премиерот и претседател на СДСМ.
На крајот, тој посочи дека планира директно да го информира бугарскиот колега Петков дека Владата во текот на годината има намера да отвори нов културен центар на Република Северна Македонија во Благоевград.
„Името на центарот ќе го определиме во комуникација со нашиот Институт за национална историја. И ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Скопје
Паркингот во Центар денеска е бесплатен
По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.
Македонија
Изборниот ден е неработен за сите граѓани
Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.
Работодавците не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде што работните процесите поради својата природа не може да се прекинат.
Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техничката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.