Македонија
(Видео) Ковачки: До убиството на Вања можеби немало да дојде, ако Спасовски не направил пропусти во истрагата
Оливер Спасовски вчера ја излажа македонската јавност, а МВР под негово раководство е испреплетено односно поврзано со криминогени структури, истакнува Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, Оливер Спасовски кажа дека не трагале по возилото на киднапираниот Панче затоа што не знаеле дека истото е исчезнато заедно со лицето, а на 2 дена пред кобното грабнување на Вања, на 25-ти ноември, веб-портал објавува наслов и текст дека е исчезнат Панче со се неговиот автомобил.
Значи повторувам, иако веќе во јавност објавено неколку дена претходно, според Спасовски – полицијата НЕ знаела дека автомобилот на Панче е исчезнат и затоа истиот никој не го ни барал.
Доколку автомобилот бил предмет на потрага, истиот би бил идентификуван уште на самиот влез од системот „Сејф сити“ и од патролите на МВР во Скопје.
И доколку автомобилот бил идентификуван на влез во Скопје, ќе се спречело барем киднапирањето и убиството на малолетното девојче.
Па дури и да се случело киднапирањето, возејќи од центар до излезот на Скопје, возилото повторно можело да биде идентификувано и да се спречи убиството.
Ова води до една констатација – занемарувањето на возилото е кардинална грешка и пропуст на МВР кои доведоа до фатални последици и кои чинеа – живот на дете“, вели Ковачки.
Според него, дополнителна лага која била кажана и која создала сериозни сомнежи дека не се работи професионално, т.е. се работи на забошотување на случајот е следнава:
Според МВР и ЈО, додава Ковачки, сторителите го убиле девојчето бидејќи ги фатила паника откако се кренала јавноста.
„Но, потсетуваме: јавноста се крена на нозе после објавата на мајката на ФБ околу 12 часот, а девојчето според Спасовски е убиено 2 часа после киднапирањето, што значи пред објавата на ФБ и пред сензибилизирањето на јавноста.
И тука, бидејќи одговорните ја излажаа јавноста, се фрла сомнеж дека убиството на Вања не е извршено поради паника од разбудената јавност, туку дека е извршено поради паника затоа што имале доушник во МВР кој им дојавил дека истите се предмет на интерес.
Сомнежот дека првоосомничениот и останатите помагатели имале доушници во Полицијата, односно некој постојано ги предупредувал е дотолку појак затоа што и бегството на првоосомничениот од државата се случува после неколку дена од второто убиство. Значи, тој слободно се шетал затоа што знаел дека не бил загрозен од истрагата, за да откако навреме е предупреден, истиот избега преку граница“, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оценува дека пропустите, непрофесионализмот и корумпираноста поради кои се губат човечки жртви мора да бидат следени со понесување на одговорност и оставка од МВР Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.