Македонија
(Видео) Митева: Извештајот на „Фридом хаус“ потврдува, Македонија со СДСМ е заглавена во категоријата – хибриден режим
Во Извештајот на невладината организација „Фридом хаус“ со наслов „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“, Македонија е дефинирана како хибриден режим. Македонија бележи континуиран демократски пад со власта предводена од СДСМ, изјави Митева.
„Институциите се оценети како дисфункционални, дека не се во состојба да испорачаат компоненти на демократија, а особено во делот на проверки и баланс, владеење на правото и силна заштита на правата и слободите на сите граѓаните. Дополнително, ‘Фридом хаус’ потенцира дека како држава сме заглавени во категоријата – хибриден режим. Оценката за демократија е непроменета во однос на претходната година – 3,82, или 47%. Македонија бележи постојан пад, а вкупната оценка се намали од 3,93 во 2015-тата на 3,75. По области, Македонија има најниска оценка за корупција, што е уште еден показател за високата корупција која владее во државата наспроти владеењето на правото и демократијата. Македонија е повторно во групата со највисока перцепција за корупција во Европа“, рече Митева.
Таа нагласи дека хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа.
„За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој ја уништи правдата преку инсталирање корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДСМ. На овој извештај му соодвествуваат фактите дека Македонија е заробена држава, затоа да потсетиме на пасошите за светските криминалци, да потсетиме дека МВР нема ниту една акција за сузбивање на криминалот, да потсетиме дека системот функционира врз принципот на мито и корупција и дека правдата е селективна, а не еднаква за сите граѓани. Оваа влада на СДСМ го развива криминалот наместо да се бори против него веќе години наназад. Но нашата борба против корупцијата мора да се забрза, владеењето на правото мора да се почитува ако сакаме да запреме со уништувањето на демократијата“, додаде Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.