Македонија
(Видео) Мицкоски: Овој голем христијански празник нека донесе здравје и мир
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе празникот Богојавление – Водици на православните верници.
“Сакам да го честитам овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани. И да им посакам како што е редот здравје, среќа нели, успех, мир, она што на сите нас е потребно, но и на сите граѓани се разбира кои што не го слават овој денешен ден, а се наши сограѓани во оваа наша Македонија.
Нека ни донесе пред се здравје овој ден, да бидеме спокојни и мирни во душата, бидејќи тоа е најважно. Здрав човек и мирен човек може да направи сѐ.
Така, и да му го честитам нели овој прекрасен момент на фаќачот на крстот, до овој момент не успеав да дознам кој е, кое е името, и кој е среќниот и благословен кој што успеа тоа да го направи денеска. Но, еве и на него и на неговото семејство и на сите останати да им посакам пред се здравје”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме
Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој, како што рече е победнички. Притоа нагласи дека се исполнети трите столба од неговата предизборна програма од 2019 година.
„Клучните столбови на мојата програма во 2019 година беа влез во НАТО, отворање на преговори со ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – триаголникот на успехот и стабилноста, просперитетот на државата, тоа сум тврдел и ќе тврдам. Ако ова не е остварено кажете ми – членка на НАТО, почнати преговори и меѓуетнички односи кои не се идеални, меѓутоа се далеку од она што беше во времето на режимот“, рече Пендаровски.
И програмата за работа во вториот мандат, продолжи Пендаровски е заснована на реални основи, а не на фикции.
„Јас не тврдам дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба да завршат во затвор и дека треба да бидат кривично одговорни. Јас тврдам дека тоа е добар договор кој ги штити македонските национални интереси. Госпоѓата тврди спротивно. Таа денес вели добро е што влеговме во НАТО, имаме гарантор на безбедноста, ама пред три-четири години во интервјуа вели треба кривично да бидат гонети тие луѓе. Јас не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама имаме проблем со другите аспекти. Европската преговарачка рамка е договорена од Европа, од 27 држави и ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме“, додаде Пендаровски.
На прашањето зошто граѓаните да го дадат својот глас за него, Пендаровски упати јавен повик до сите граѓани кои ги поддржуваа кандидатите кои испаднаа во првиот круг и до оние кои воопшто не учествуваа во првиот круг, да гласаат за неговиот концепт доколку се препознаат во него.
Во однос на партиската и граѓанската поддршка, тој посочи дека во трката за нов претседател на државата, обајцата велат дека ќе бидат независни од кои било центри на политичка и економска моќ и притоа собирале граѓански потписи за да покажат дека имаат сила, граѓанска компонента за претседателската кандидатура.
„Госпоѓата Силјановска ги отфрли тие 20 и нешто илјади потписи колку и да беа и отиде само со потписи на пратениците. Сосема е логично партискиот лидер кој ја предложи за кандидатурата, да договара поддршка со другите партиски лидери за неа во вториот круг. Бидејќи не е граѓански поддржана, туку од партиите, логично е дека партискиот лидер ги прави тие меѓупартиски, меѓулидерски договарања“, истакна Пендаровски.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Македонија
Филипче: Почитта кон работниците ја преточивме во подобри права и повисоки плати
Меѓународниот ден на трудот 1 Мај Д-р Венко Филипче го поминува во Дојран од каде испрати порака дека работничкиот труд, солидарност и истрајност треба високо да се ценат. Како носител на листа во Изборната единица 4 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина Филипче потсети на најтешките времиња и најголемите кризи кога во прашање беше здравјето на граѓаните и егзистенцијата на семејствата.
„Влогот на работниците нивниот труд, солидарност и истрајност најмногу го почувствувавме во најтешките времиња. И не го заборавивме. Го вреднуваме и унапредуваме. СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Тоа беше незамисливо до пред само седум години. И продолжуваме. Си поставивме цел за минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1.100 евра во новиот мандат. Работниците се двигатели на секоја економија во секоја држава. Затоа не се откажуваме од унапредување на работничките права, растот на платите и обезбедувањето подобро платени работни места“, порача Филипче од Дојран.
Д-р Венко Филипче на денешниот меѓународен ден на трудот потсети дека за седум години просечната плата од 22.000 денари денес е зголемена на близу 40.000 денари, а минималната плата од 8.000 денари денеска изнесува речиси 23.000 денари. Тој зборуваше и за невработеноста која од 25% во 2016 година е преполовена на 12,8 %, дека е зголемен животниот стандард и куповна моќ за цели 35% како и тоа дека недела е ден на семејството и е неработен ден.
Грижејќи се за граѓаните Филипче не изуми и на антикризните мерки и обезбедените 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што беше заштитен животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и зачувани работните места.
Д-р Филипче од Дојран зборуваше и следниот мандат кој предвидува програма за млади во која младите до 26 години ќе добиваат по 200 евра за прво вработување, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра. Д-р Филипче се осврна и на растот на платите на здравствените работници во следниот мандат.
„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Доколку повторно ја добиеме вашата доверба во наредните четири години ќе обезбедиме европски и достоинствен животен стандард за граѓаните. Нека е за многу години денот, Честит 1 Мај, ние ќе продолжиме во духот на социјалдемократијата да го почитуваме и цениме трудот на секој работник“, порача Филипче.