Контакт

Македонија

(Видео) Николоски: По изјавата на Марија Габриел е јасно дека дури и да се смени Уставот, Македонија може да добие повторно бугарско вето

Објавено пред

„Би почнал со нешто што мене најмногу ме загрижи од истражувањето, го читав и пред да дојдам тука, а беше искажано и пред 15-20 минути. Тоа е дека младите, онаа генерација од 18-24 години се најмногу евроскептични и да бидам ироничен ги разбирам веројатно се како генерација по паметни од нашата генерација. Јас тука гледам пријатели, луѓе кои ги познавам со кои пораснавме, ако сакате и остаревме затоа што сме веќе во средни години со оваа идеја за евроинтеграции и таму каде што бевме кога бевме млади сме и денес и да за тоа имаат одговорност сите политички елити во Македонија, но има одговорност и Европската Унија, не можеме еднострано да ги гледаме работите и веројатно младата генерација, луѓето кои сега се таму каде ние бевме пред 20-тина години многу појасно ги гледаат овие работи“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

dobivaj vesti na viber

„Уште едно прашање кое многу па и повеќе од претходното ме загрижува е прашањето што 90% сметаат дека би се иселиле и вака и така што може да ја донесе Македонија во најлоша можна ситуација а тоа е членството во Европската Унија да се гледа како иселување од државата нешто што и се случи на Хрватска во скоро време, претходно на Бугарија, Романија, Полска итн. Во таа насока мислам дека најпогрешната работа што може да ја направат одредени земји членки е да прават семинари низ државава за полесно иселување во нивните држави кои ги гледаме и се случуваат и мора да зборуваме отворено. Јас најмалце мислам дека работите треба да ги гледаме едноставно, мислам дека најмалце работите треба да ги гледаме без критика. Во таа насока прашањето кое си го поставивме сите е како е возможно и покрај политичкиот момент кој го разбираме да држава која во моментов е во војна и држава која во моментов нема дефинирано територија мислам на Украина и Молдавија со цела почит кон двете и симпатии почнаа преговори, а не само Македонија, туку и БиХ и Албанија не почнат преговори. На БиХ и се даде да дозавршат одредени работи како последица на војна во 90-тите а овие имаат војна сега па почнуваат преговори и уште повеќе сите си го поставивме прашањето зошто никој не го замоли бугарскиот премиер да ја напушти салата на 15-тина минути исто така на кафе и да Македонија почне преговори. Затоа што со овие постапки практично се покажа дека сето она што и се кажува на Македонија не важи и дека на крајот на денот прашањето е политичко. Покрај политичко јас мислам дека е многу поврзано и со принципот на владеење на правото затоа што сум убеден и ова го зборувам од 2018-та година континуирано без прекин дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со Европската Унија е високото ниво на криминал и корупција и принципот на неказнивост.

Ќе ве потсетам сите нешто беше овде споменато дека 2018-та година имало позитивна енергија, дека пролета 2018-та година кога имаше една еуфорија дека ќе се реши спорот со Грција за името и дека мед и млеко ќе потече во државата јас бев тогаш единствен кој велеше дека дури и Македонија да го промени името нема да почне преговори во јуни 2018-та година. Да ве потсетам сите дека се брзаше да се потпише Преспанскиот договор на 17 јуни затоа што на 29-ти јуни 12 дена подоцна имаше состанок на европскиот совет на кој требаше Македонија да добие датум за преговори, тогаш Бугарија не постоеше. Македонија не доби датум за преговори на 29-ти јуни, тоа што сите го забораваат од тој 29-ти јуни е дека Македонија доби три задачи кои до денес ги нема реализирано. Првата е реформа на безбедносните структури, на хартија кажаа се случи, во пракса не се случи. Јас лично сум предмет на нелегално следење на безбедносните служби во државава конкретно на агенцијата за разузнавање во овој момент како и дел од водството на мојата политичка партија, значи реформи на безбедносните служби на хартија имаме во пракса немаме. Втората работа беше реформи на јавната администрација, „р“ нема од реформи во јавната администрација се понеефикасно станува и се погломазна и третата задача која ја доби Македонија беше борба со високиот криминал и корупција, каде сите гледаме што се случува“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

„Овие три задачи не се спроведуваат, но се потпишуваат договори на принцип ќе потпишеме што сакате само не не’ чепкајте овде. И тој принцип ќе потпишеме што сакате само не не’ чепкајте дома ја доведе државата во ситуација кој стигне какви сака услови да поставува од соседите, државата да не може да се бори затоа што е надвор, а во исто време да нема моќни пријатели внатре кои ќе речат, а имаат добро досие и треба да преговараат и затоа мислам дека додека не си го решиме проблемот дома, а тоа е пред се во делот со борба со организираниот криминал и корупција која што ја нема само на највисоко ниво, Македонија имаше години проблем со корупција на високо ниво, сега има корупција на најниско можно ниво, од шалтерски работник и болничар во болница до премиер на држава. Распространета е корупцијата од целиот систем и доколку со тоа не се избориме никогаш нема да почнеме преговори и обратно убеден сум дека ако дадеме резултати тука, а први резултати можат да се дадат од 6 до 9 месеци дека и Бугарија нема да се однесува вака како што се однесува затоа што никој во моментов не врши притисок врз Бугарија и беше споменато, Марија Габриел која за брзо ќе биде и премиер на Бугарија и која важи за помеките политичари таму, беше и европски комесар до скоро кажа дека тој тн. компромис кој овде пежоративно се нарекува француски предлог содржи три меѓусебно поврзани работи. Тоа е промена на Уставот, тоа е примена на Договорот за добрососедски односи и пријателство кој според мене не е ни за добрососедство ни за пријателство и третото е спроведување протоколите поврзани со историјата. Или во превод го кажа тоа што ние го зборуваме година и половина и кажа во превод дека дури и да се случат овде уставни измени ако по однос на другите две работи нема напредок ние сепак ќе имаме бугарско вето. Тоа што ние цело време го прашуваме дали ќе се случи и легитимно се поставува прашањето дали ако утре се случат уставни измени за 6 месеци ние нема да имаме пак бугарско вето затоа што нема да прифатиме дека Гоце Делчев бил бугарски учител. Тоа е следното кое ќе го побараат и кое ќе го стават на маса. И тука се поставува прашањето до кога Македонија е спремна да трпи шокови како општество, до кога ние сме спремни да кризираме како општество, дали ќе ги чекаме секои 6 месеци за некој во Бугарија да си крева рејтинг и да си го прави ќеифот политички таму.

За да не се случува таа работа ние мораме да ги измениме работите дома за да имаме посилно досие надвор кое во моментов за жал го немаме и мора да сме искрени тука и мора да се погледнеме во очи, а тоа е дека неколку големи земји членки директен да бидам не мислам тука на Германија, напротив Германија е најголем поддржувач, но неколку други големи земји членки не се убедени дека државата заслужува почеток на преговори за членство. Всушност тоа се гледа и кон односот на државата и мора овие работи да се променат доколку сакаме да одиме напред.
Дали ова звучи болно? Да. Дали е надвор од бајките кои ги слушаме со години? Да. Ама ние слушајќи бајки ги губиме годините, затоа што од Преспанскиот договор до денес, пет и пол години поминаа освен државата што промени име во делот на европски интеграции нема никаков напредок и затоа се луѓето скептични и велат дали треба да правиме следни отстапки за повторно да не се случува ништо“, додаде Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Скопје

Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно

Објавено пред

Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.

dobivaj vesti na viber

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почина таткото на Тоше Проески

Објавено пред

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес

Објавено пред

За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.

Повика на излезност на изборите на 8 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет3 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет3 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија3 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет3 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет3 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет4 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија14 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија15 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија16 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет19 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија20 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија22 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија23 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија23 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија24 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија1 ден

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија1 ден

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија1 ден

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...