Македонија
(Видео) Обвинителката во случајот со силуваните малолетници: Kазните треба да влијаат во иднина да нема деца жртви
Обвинителката Наташа Поп-Трајкова ќе бара уште поголеми казни за мајката и за полицаецот кои тргувале со дете, а експолицаецот и го силувал. Таа во изјава најави и жалба пред Апелациониот суд во Скопје. Поп-Трајкова рече дека целиот процес е завршен во кус временски период.
За 60 дена од почнувањето на постапката, во Обвинителството е поднесен обвинителен акт, а за неполни два месеца е донесена првостепена пресуда.
„Законодавецот предвидел високи казни за овие кривични дела од страна на судот и навистина беа изречени високи казни затвор, за едната обвинета во висина од 15 години, како и денес изречената 18 години казна затвор. Ќе се жалиме и на овие високи казни затвор од повеќе причини. Една од причините е што дејствата што обвинетите ги имаат преземено кон оштетените две деца жртви се дејства што ќе остават влијание врз целокупниот живот, ќе влијаат врз животот на децата, тргнувајќи од менталното здравје, сегментите што се однесуваат на создавање слика за самите себе и градење сопствена личност врз основа на таа слика. Обвинителството и во завршниот збор, па и во жалбата, ќе се повика на Конвенцијата за заштита на правата на децата. Сметаме дека ваквите високи казни, што Oбвинителството ќе бара да се зголемат, ќе испратат порака до јавноста дека децата во никој случај не смее да бидат експлоатирани, малтретирани, а најмалку сексуално вознемирувани. Се надеваме дека овие казни што се изречени и евентуално Апелација ќе ги зголеми, ќе влијаат во иднина да немаме деца жртви на вакви кривични дела“, вели обвинителката Поп-Трајкова.
Таа рече дека трите малолетни деца, меѓу кои и силуваната ќерка, се згрижени.
„Уште во текот на истражната постапка Обвинителството даде наредба и другите две малолетни деца, кои се на возраст од осум и шест години, да бидат соодветно преземени и сместени од страна на социјалните органи. Тие се згрижени, а исто така и едното дете, кое е жртва. Другото дете, кое е жртва, во меѓувреме наполни 18 години и не може да биде сместен во загрижувачко семејство или во која која социјална установа. Обвинителството побара мерки на заштита како жртва на деликти од полова положба, па ќе ја користи секоја процесна заштита“, додаде обвинителката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

