Контакт

Македонија

(Видео) Поради ставот „да прооди, да прозборува, па ќе го вакцинираме“, ни се заканува и епидемија на морбили

Објавено пред

Лекарите се едногласни во ставот дека одлагањето на вакцините е причина за сегашната епидемија на голема кашлица и предупредуваат дека поради нискиот опфат на вакцинирани деца, повторно ни се заканува и епидемија на морбили. Иако вакциналните пунктови се полни оти епидемијата на голема кашлица исплаши голем дел од родителите кои ги одложувале вакцините, нова епидемија на морбили станува сѐ поизвесна бидејќи секојдневно се појавуваат нови случаи на мали сипаници во соседните држави, кои во комбинација со нашиот опфат на вакцинацијата под 90 % недвосмислено значат епидемија.

dobivaj vesti na viber

„Редовната вакцинација за децата почнува од двомесечна возраст. Два, четири, шест, 18 месеци се токму овие поливалентни вакцини да се примат, каде што е содржана и оваа компонента на големата кашлица. На 13 месеци е МРП-вакцината, против мали сипаници, рубеола, како и заушки. Одложувајќи ја оваа вакцина со МРП, родителите ја подзаборавиле и ревакцината и поради таа заборавеност, еве ни се случува оваа епидемија на голема кашлица. Јас апелирам понатаму до родителите на овие дечиња да си ги носат редовно според календарот за вакцинација затоа што, одложувајќи ги вакцините, не само што ни се случува оваа епидемија на голема кашлица во моментот туку ќе ни се повтори епидемијата од 2018, односно 2019 година со мали сипаници. Ова се заразни заболувања, кои сами по себе се опасни за здравјето за малите дечиња и тие поминуваат со тешки компликации, кои бараат подолготрајно лекување“, вели Бети Гелејчевска-Илкоска, лекар во вакциналниот пункт на Поликлиниката „Букурешт“.

Таа ги охрабрува родителите да ги донесат невакцинираните деца да почнат или да продолжат со вакцинирањето. За оние што воопшто не се вакцинирани се почнува од почеток, а децата што почнале вакцинација, да ја продолжат онаму каде што застанале.

„Оваа вакцина за голема кашлица е на два, четири, шест, 18 месеци, прва ревакцина, втора ревакцина е во второ одделение, односно на седумгодишна возраст. До 15 години, доколку не примило ниту една вакцина, сигурно дека може да се прими. Имаме ние ‘кеч ап’ календар според кој се водиме токму за овие деца што ја пропуштиле оваа вакцина. Со оние што почнале вакцинација продолжуваме онаму каде што се застанало со вакцинација до 15-годишна возраст. За дечињата што направиле до пет години продолжуваме со вакцинирање, ја даваме таа ревакцина, тоа е оваа петовалнтна вакцина, во која се содржи таа компонента против голема кашлица. Децата што се поголеми од петгодишна возраст може да си примат четиривалентна вакцина како ревакцина, во која исто така е содржана оваа компонента против голема кашлица, меѓутоа се разликува од петовалентната вакцина по тоа што не ја содржи компонентата за хемофилус инфлуенца, која треба да ја дадеме до петгодишна возраст“, вели д-р Гелејчевска-Илкоска.

Вина за големиот број невакцинирани деца лекарите, од една страна, гледаат во антиваксерските движења, кои станаа мода последнава деценија, а од друга, во застарените сфаќања кај нас.

„Ние постојано апелираме како лекари, како медицински персонал, да не се одложуваат вакцините. Во однос на вакцината имаме некои застарени сфаќања од родителите – ‘да прооди, да прозборовува, па ќе му ја ставиме вакцината’. Вакцината нема врска со проодувањето и прозборувањето на детето, има врска со имунитетот, што е можно побргу треба да дојдат и да си ја стават вакцината, барем првата доза. Втората доза се прима во прво одделение, односно со шест години“, смета Даниела Марковска, специјалист по семејна медицина во вакциналниот пункт на Поликлиниката „Јане Сандански“,

На редовна вакцинација и надоместување на испуштените дози повика и Аленсандра Грозданова, наоционален координатор за имунизација и професорка на Фармацевтскиот факултет при УКИМ. И таа укажува дека по епидемијата на големата кашлица, сосотојбата со морбили би можела да стане загрижувачка, особено поради новопријавените случаи на мали сипаници во Албанија.

„Засега кај нас нема парамери што би ни укажале на опасност, но имајќи ги предвид врските на нашето население со Албанија, каде што има зголемен број случаи, постои ризик. Ние ја следиме состојбата и затоа постојано аплеираме сите родители да ги донесат своите деца со цел навремено да бидат вакцинирани. И покрај поголемата посета на вакциналните пунктови, вакцинација со дитепер-вакцината и со другите вакцини непречено и во континуитет се одвива во сите градови и во сите вакцинални пунктови во кои има доволни количини од сите вакцини од редовниот календар за вакцинација“, вели проф. д-р Грозданова.

Епидемијата на големата кашлица ги наполни вакциналните пунктови како ниедна кампања за вакцинирање досега. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18.1.2024 до 14.2.2024 година, дадени се вкупно 10.681 доза вакцини, кои содржи компонента против голема кашлица.

 

Со овој текст „Макфакс“ се приклучува кон иницијативата за зголемена транспарентност на институциите што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во соработка со медиумите во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од британската амбасада.

Македонија

Тренчевска: Од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари

Објавено пред

„330% повисока социјална помош, 53% повисоки пензии, 180% повисока минимална плата, 40 000 просечна плата се нашите резултати и знам дека тоа можеби не е доволно. Затоа вечерва стојам пред вас не како жена, туку како ваша пријателка и комшивка, како жена која работеше со интегритет и бара поддршка за број 1 на 8 мај“ порача Тренчевска од говорницата на митингот во Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Ко-носителката на изборна единица 4 од СДСМ, Јованка Тренчевска вечерва на радовишани им порача дека вистинскиот избор е јасен и дека само СДСМ е опција која ќе го води напредокот на општеството.

„Вие највозрасните кои гледам ве има тука во голем број, а со кои деновиве често се среќавав и често ме прашувавте зошто не може покачување од 5000 денари за секој од вас, Ве потсетувам дека од 2017 година до денес најниската исплатена пензија ја покачивме за 5.309 денари, и овој месец најниската исплатена пензија изнесува 13 880 денари. Стабилната исплата на вашите пензии ќе биде доведена во прашање со лажните ветувања на ВМРО, кои слушам деновиве дека започнаа да го раситнуваат лажното покачување на пензиите на месеци, на години и на нови методологии. Знаат и тие дека на лагата и се кратки нозете! Знаат дека 5000 линеарно е невозможно. Но дека е добро за да манипулираат со највозрасните“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека во новиот мандат СДСМ се обврзува минималната пензија да ја покачи на 20.000 денари додека просечната пензија ќе ја покачи на 30.000 денари.

„Да продолжиме да градиме мостови посилни од ѕидовите и омразата кои ни ги наметнува ДПМНЕ“ истакна Тренчевска во нејзината покана за граѓаните за да излезат на гласање на 8ми мај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините, дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Објавено пред

„Живееме под едно небо, делиме исти проблеми, исти предизвици. Маката ни е иста, и копнееме по заеднички работи. Денес Македонија е држава каде управуваат стотина души кои ги запоседнале институциите и грубо ги злоупотребуваат. Секој тендер поминува низ нивни раце, за секој бизнис процентот на добивка го определуваат истите луѓе. Тој артаноиден систем стана синоним за корупција и неказнет криминал. Систем на искривени вредности и непринципиелност која државата ја носи во пропаст“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски додаде дека доаѓа ново време, се врти нов лист, нов почеток.

„Овде од Тетово објавувам дека веднаш по победата и формирањето на влада значаен процент од буџетот ќе оди за развој и решавање на децениските инфраструктурни проекти на Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Дебар и повеќе други општини од западна Македонија“, вети Мицкоски.

„Се обврзувам дека во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и на овие места овде. Подеднакво ќе градиме и работиме за развој на штипско Ново село, но и за тетовско Теарце, за струмички Куклиш, но и за тетовско Одри“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека на народот му е доста од удирање во гради, зборење за права, а во реалноста сето тоа да се сведе на крадење и тендери. Реално и со дела да се менува животот на луѓето и тоа идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи.

„За да се случи ова што ви го зборувам, на 8-ми мај мора да се заврши започнатата работа. Цунамито е кренато. Тоа цунами треба да удри на денот на изборите и да ја оддува забрефтаната од криминал власт. Решението против сите сценарија кои ги прават од СДСМ и ДУИ е излезноста“, порача Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните на осми мај да излезат и да гласаат, време е да започнат промените во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Објавено пред

„На 8-ми мај излезете на гласачките места и со заокружување на бројот еден да ги сочуваме темелите на државата, на демократските вредности, на внатрешната кохезија на етникумите и верските заедници. Бидете патриоти и изберете безбедна и европска иднина, каде ќе бидеме сплотени и ќе имаме просечна плато до 1.300 евра“, порача на денешните средби со жителите на Бутел и Чучер Сандево, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

dobivaj vesti na viber

Битиќи истакна дека длабоко верува дека мнозинството од граѓаните не сакаат враќање 20 години назад во минатото, во заробена држава и поделено општество, во држава во која минималната плата изнесуваше под 10.000 денари.

„Гледате политичари кои дефилираат по митинзите со националистички пароли и пораки за изолација на државата. Но, уверен сум дека со вашиот глас за бројот 1 ќе ги замолчите, ќе им покажете дека вашата одлука е да имаме нова влада која ќе продолжи државата да ја води кон Европската унија, кон нејзините вредности, “ рече Битиќи и посочи дека СДСМ и коалицијата имаат програма која ќе ја исполни оваа мнозинска желба на граѓаните на Македонија.

Нагласи дека агендата на националистите е празна, а програмите им се полни со празни зборови, затоа нудат само несигурност и страв меѓу граѓаните.
„Знаеме дека патот до ЕУ е тежок, со многу пречки пред нас, но ЕУ е единствениот начин да ги смениме работите на подобро, во економијата, во образованието, во здравството.

Не смееме да се откажеме од европското семејство и да ги замолчиме националистите“, порача Битиќи.

Зборувајќи за мерките од предизборната програма на СДСМ, Битиќи посочи дека членството во ЕУ не само што ќе однесе посилна кохезија помеѓу различните етнички и верски заедници во Македонија, туку тоа ќе значи и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани

„Пред вас излегуваме со конкретни верувања, за кои во минатото покажавме дека ги исполнуваме, а ќе ги исполниме и сега. Гарантирам е просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, кои со влезот во ЕУ проектираме да достигнат до 1.300 евра односно 800 евра“, им порача Битиќи на жителите на Бутел и Чучер Сандево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија11 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија11 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија12 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија14 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија15 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија16 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет17 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет17 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија17 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет17 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет17 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет18 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија1 ден

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија1 ден

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија1 ден

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет1 ден

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија2 дена

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија2 дена

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...