Македонија
(Видео) Тренчевска: Одбивањето 10 отсто во време на криза од СОНК е потврда дека не се земаат предвид интересите на децата, туку личните
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во текот на денешна работна посета во општина Струмица даде изјава за јавноста во врска со штрајкот организиран од СОНК, во која вели дека местото на учениците е во училиште, а на предучилишните деца во градинка, како и дека одбивањето на понуденото решение од Владата за зголемување на платите на наставниците, воспитувачите и на негувателите од 10 % во време на светска криза е само потврда дека интересите на децата не се земаат предвид, туку личните интереси на СОНК.
„Почнува втората недела како децата се надвор од процесот на образование, децата се надвор од процесот на згрижување и воспитување од детските градинки. Решението што го понуди Владата до претставниците на СОНК беше зголемување на платите за 10 % на наставниците, професорите, воспитувачите и на негувателите, отворање општ колективен договор и нова методологија за постојан раст на платите што ќе го следи растот на цените на трошоците на живот и растот на просечната плата. Ваквото решение беше одбиено од страна на СОНК, што зборува дека не станува збор за интересите на децата и учениците, туку СОНК постапува само во согласност со своите лични интереси“, рече Тренчевска.
Да потсетиме дека во 2019 година, додаде Тренчевска, порастот на платите во детската заштита беа зголемени 21 % и со овој пораст од 10 % покачување на платите, ќе имаме зголемување од 31 % за неполни 3 години. Покачувањето од 2.500 денари во просек на платата на воспитувачите и 2.000 денари во просек на платата на негувателите во услови на ковид-криза, ценовна криза и економска криза е навистина пораст што требаше да биде прифатен од страна на организаторот на штрајкот – СОНК.
„За она што децата сѐ уште се надвор од процесот на образование и од процесот на згрижување во установите за предучилишно образование, единствено е виновен СОНК како организатор на штрајкот, со тоа што го продолжи штрајкот, а не го прифати реално доброто понудено решение од страна на Владата, МТСП и МОН. Владата прави сѐ за да најде соодветно решение да најдеме заеднички јазик со СОНК за децата да се вратат во училиштата, а да имаме покачување на платите на воспитувачите, негувателите, професорите, наставниците. Местото на децата е во училиштето, местото на децата е во градинките и единствено одговорен за ова, доколку не се најде соодветно решение, ќе биде токму СОНК како организатор на овој штрајк“, рече министерката Тренчевска во своето обраќање до јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг
Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда на Груевски.
„Велиме дека Груевски бил најкриминализирана сила. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со кандидат за пратеник на црната листа на Америка. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со целосно неприродна соработка. Мендух Тачи го нарече Али Ахмети, убиец. Зијадин Села пак, рече дека тој бил организатор на 27 април, дека Али Ахмети ја нарачал неговата елиминација а сега ги здружуваат силите“, рече Снопче.
Според него, ДУИ се уште не се изјасниле со која партија ќе коалицираат во идната влада.
„ДУИ мора да каже. Ако сака да биде во владата, со која партија ќе коалицира. Не се изјаснија“, рече Снопче.
Снопче додаде дека ДУИ од една страна ја критикува ВМРО, а од друга страна ги моли оние што ги критикуваат.
„Следната влада ќе се создаде со 61 пратеник, затоа ја прашувам ДУИ со која партија ќе формира влада. Според резултатите од 24 април, ако ги претвориме во мандати, СДСМ ќе добие 24 пратеници. Максим Димитриевски рече дек не влегува во влада со ДУИ. ДУИ може да формира влада само со ВМРО, додека ВМРО изрази дека нема место за ДУИ во следната влада”, рече Снопче, апелирајќи до ДУИ да посочи со која партија ќе формира Влада.
Снопче на крајот ја праша и ДУИ зошто не го поддржуваат Стево Пендаровски во вториот круг како што го поддржаа на претседателските избори во 2019 година како консензуален кандидат.
Македонија
(Видео) Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда
За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.
– Затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на се општествено единство, на национално единство. Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните. Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2 – рече Ковачки.