Македонија
(Видео) Ѓорчев: Рецесија на наталитетот од шокантни 13 отсто, Македонија исчезнува и се иселува
„Вчера имавме можност вам, на македонската јавност, да ви ги соопштиме податоците за најлошата демографска година во историјата на Македонија, со најмал наталитет откако има статистика и бројки во Македонија. Ви соопштивме податок дека падот на родените бебиња во минатата 2018а година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016 година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти.Значи ова е само водед, а бројките коишто ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018 година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија”, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, во првиот квартал од оваа 2019 година имаме шокантен и катастрофален невиден до сега пад на родени бебиња во Македонија, од шокантни 13 проценти.
„Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018 година. Значи внимавајте за која катастрофа, за кое иселување, за кој егзодус од Македонија станува збор поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министери. Значи 2018 година е најлошата демографска година во историјата на Македонија, 70 години наназад, а на таа најлоша демографска година во првиот квартал на 2019 година имаме пад од фрапантни, невидени, шокантни 13 проценти. Тоа е поразително. Тоа е буквално поразително. Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Сите. Од сите националности и региони. Си заминуваат луѓето од Скопје, си заминуваат луѓето од Полог, си заминуваат луѓето од Источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите”, додаде тој.
Според Ѓорчев, тоа го гледаме како резултат на драстично паднатиот упис во основните и средните училишта, падови невидени до сега.
„Јас ќе ви прочитам само неколку бројки. Значи внимавајте, во 2018 година минатата година во првиот квартал бројот на родени бебиња бил 5255, значи уште еднаш во првиот квартал во 2018 година бројот на бебиња бил 5255, во првиот квартал на оваа 2019 година бројот на родени бебиња е 4555. Пад од 13,3 проценти. Значи на оној најлош историски резултат од минатата година имаме дополнителен пад, дополнителна рецесија на наталитетот од 13 проценти. Ова е резултат и пораз на политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри.
Македонија секогаш имало иселување, 200 години наназад, нема дилема околу тоа. Но, ваков егзодус докажан со бројки со статистика, никогаш немало и тоа секој којшто се разбира во бројки може да го потврди. Ова е историски одговорност на Зоран Заев и Мила Царовска и сите 28 министри во оваа најнеуспешна и најкатастрофална влада во историјата на Македонија. Никогаш полоша влада сме немале.Ова се трајни штети коишто кој знае како оваа држава ќе ги надомести. Кога губите толку население, кога се губат цели семејства, како тоа подоцна ќе се надомести? За жал, имаме ситуација во која главна тема помеѓу граѓаните на Македонија и младите е иселувањето. Онаа потрошена парола за живот во Македонија, буквално преку бројки и статистики се претвори за живот во Германија, за живот во Шведска, за живот во Австрија, за живот во Канада. Залудни се сите реченици и демагогии на Зоран Заев кога, уште еднаш ќе речам и со ова ќе завршам, на демографски најлошата 2018 година во историјата на Македонија имаме дополнително пад од 13 проценти. Тоа никогаш не се случило, ужас. За жал, политиките на Зоран Заев и оваа влада и неговите 28 министри резултираат со огромен егзодус и на Македонците и на Албанците и на сите останати. Си заминуваат луѓето и од Источна Македонија, но исто така и од Полог, Липковско, Тетовско, Струшко, Дебарско, од секаде. Исто онака како што ги излажа Македонците, Зоран Заев ги излажа и Албанците, тоа се гледа преку овие бројки кои пред малку ви ги соопштив затоа паѓа довербата и расте разочарувањето кон СДСМ и Зоран Заев кај албанската популација”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.