Македонија
Вице Заев: Ниту јас ниту кој било член од моето семејство не е вмешан во „Рекет“
Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство, а кои се објавувале секој ден од страна на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања, со цел, според него, лична дискредитација на брат му и нивното семејство. Во продолжение го пренесуваме во целост неговото обраќање.
„Како и најголемиот број од нашите граѓани, јас и моето семејство цели 11 години, за време на режимот, бевме под притисок, под закани и уцени, а исто како и голем број други слободни граѓани, бевме изложени под смислена црна пропаганда преку медиумите што ги контролира Никола Груевски. Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.
Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту кој било член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како ‘Рекет’ ниту, пак, со лагите што на прес-конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ. Изнесените невистини дека сум се среќавал со лицата осомничени за овој случај, дека сум седел, дека ме имало на некои снимки – ги демантирам, тоа не е точно. Обидите за мое инволвирање на каков било начин во валканата политичка кампања сметам дека е намерно, лажно и тенденциозно со единствена цел – да му се наштети на Зоран Заев и политиките што ги спроведува.
Ги повикувам сите надлежни институции да ги проверат сите изнесени наводи, да ги објават сите снимки, видеа, аудиоматеријали, сè што има барам да се објави за јавноста да се увери во вистината. Самиот факт што законски била спроведена постапката за прибирање докази и видеоматеријали потврдува дека никој нема контрола над постапките што се водат во МВР, во Обвинителството и судството, освен надлежните институции. Ако некој имал контрола на овие институции, како што беше за време на режимот, тоа никогаш немало да се случи. Народот гледа што се случува и сè му е јасно. Со невистини и лажни вести цел е семејството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што тој е најголема закана за вистинските криминалци. За овие луѓе нема ништо свето, ниту семејството, уште помалку граѓаните или државата.
Семејството Заеви, односно Зоран Заев, е трн во окото за сите што се под контрола на Никола Груевски, избеганиот криминалец, и кои не им мислат добро ниту на државата ниту на граѓаните. Ја уништуваа 11 години нашата татковина и избегаа за да се соочат со одговорност. Затоа се шират лажни вести преку медиумите под нивна контрола, се шират измислици, секојдневно се пласираат тешки лаги, клевети, но и на прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ не се избираат начини, ниту средства, да му се наштети на Зоран Заев и неговото семејство.
Им пречи затоа што беше најуспешен градоначалник на Струмица. Им пречи затоа што го сруши нивниот режим со пенкало. Им пречи затоа што ги донесе слободата и демократијата. Им пречи затоа што застана храбро против неправдите. Им пречи затоа ја придвижи економијата, ја врати социјалната сигурност, им помага на ранливите, не дели, туку обединува. Им пречи затоа што успеа својата татковина да ја извади од калта и да ја внесе во НАТО, на чекор до ЕУ. Но, најмногу им пречи затоа што се избори да се донесе законот за Јавното обвинителство, со кој конечно доаѓа правда, се обезбедува правна држава и секој што згрешил пред законот, ќе одговара. Нема спас за криминалците. Ги чека затвор.
Јас не сум политичар и немам намера да се занимавам со политика. Со ова мое обраќање до јавноста сакам да соопштам дека нема повеќе да комуницирам, ниту да реплицирам на нивните лаги, измислици, конструкции. Нема да дозволам да ме вовлечат во нивната кал. Не сум згрешил ништо, не сум прекришил ниту еден закон, работам одговорно и чесно. 11 години моето семејство, бизнисот со кој се занимава, беше цел на многубројни контроли, секојдневни инспекции од партизираните институции, па дури и тој режим не најде ништо незаконско затоа што незаконско нема. Вистината е секогаш посилна од лагата.
Јас продолжувам да се занимавам со бизнисот со кој сум уште од 1990 година наваму. Семејството Заеви е успешно семејство не заради политиката, туку заради луѓето и начинот на кој го води бизнисот, одговорно и чесно, овде во нашата родна земја. Обезбедуваме околу 800 работни места и придонесуваме во економијата со годишен данок по сите основи од речиси 1 милион евра. Тоа се факти што говорат за посветеност, за желба, за напредок и ние така ќе продолжиме. На тие што 11 години извршија грабеж на државата и ја држеа во изолација ценам дека им е кристално јасно дека нема да успеат да се спасат од одговорност ниту, пак, да го застанат напредокот на државата.
Јас, како и целото мое семејство, му даваме на Зоран Заев целосна поддршка да го заврши она што заедно со мнозинството граѓани во оваа земја го почна – да нема режим, криминал и корупција, да владее независна правна држава во која секој е еднаков пред законите. Да не се вратиме во мракот. Никогаш повеќе да не се повтори режим! Ние ќе ги трпиме сите навреди, лаги, притисоци заради граѓаните на нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, нивните семејства и нивните деца, за нејзината иднина, за нејзината слобода“, се вели во обраќањето на Вице Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе донесат правда во државата
„Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме“, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.
Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.
„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.
Тој истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.
„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“.
Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:
„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“.
Македонија
(Видео) Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ
Со исправена глава, поставени на вистински европски пат кој е единствена опција за суштинска промена во нашата држава. Во тоа име ве повикувам масовно, ги повикувам сите граѓани на Македонија масовно да излезат на избори, на 8 мај и својот глас да го дадат за нашиот претседател Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и коалицијата за европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на коалицијата за европска иднина во Чучер Сандево.
-Сакам да ве поттикнам да разговарате со секој ваш пријател, роднина, сосед, до 8 мај, да кажете дека ДА, разбравме каде сме грешеле, дека имаме јасна програма и план како сето тоа да го поправиме и исто така да кажете дека ние сме таа партија која ги обезбеди сите овие прогресивни работи за државата и кои ја ослободија државата од канџите на само една политичка партија која имаше се во свои раце во цела една декада. Ве повикувам никогаш да не се откажете во она што веруваме и да се бориме да успееме за се она што сме го напишале во програмата да стане реалност и државата да стане многу подобра од она што е денес, рече Ковачевски.
Јас заедно со моите другари како денес, со Санела, Сузана, Оливер, Фатмир ќе бидеме секој ден меѓу граѓаните. Во секој град, секое село, секоја куќа, со секој граѓанин, додаде Ковачевски.
-Ве повикувам и вас, да ни се придружите и заедно да ја пренесеме пораката за напредна држава, пораката за држава која напредува, за држава во која сите се почитуваат и пораката за држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината и од борбата за напредна и прогресивна Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Македонија
Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт
Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.
„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.
„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.
Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.
„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.
„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“.