Македонија
Власта на СДС и ДУИ се обидува да ја прошири позитивната листа само со лекови од свои блиски фармацевтски фирми, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Министерот за здравство Фатмир Меџити минатата недела медиумски повторно, по кој знае кој пат најави дека наскоро ќе се проширува Позитивната листа на лекови што финансиски ги покрива Фондот за здравство, велејќи дека „и на оваа проблематика и доаѓа крај“. Нова дополнета Позитивна листа на лекови нема. Или крајот никако да дојде за нарачаните импровизирани здравствени одлуки на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како министерот може да знае или превиди дека токму околу над 10 лекови наскоро ќе бидат ставени на Позитивната листа?! Дали Стручната комисија е стручна само да најде начин како да се исполнат барањата на фармацевтски компании блиски на власта? А тоа и воопшто нема да не зачуди ако е така! Оваа власт само абнормалните работи ги прави составен дел од системот. Оваа власт сега знае само за приватни нарачки наместо за работа по јасни правила и транспарентни процедури. Оваа власт само ги наградува и стимулира незаслужните наместо на заслужните“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, импровизирањето во последниве 7 години е веќе докажана пракса на власта и нивните поддржувачи.
„Тоа го потврдува и оваа повторна изјава од Меџити, но и замрзнатиот статус на толку најавуваните посебни договори за лекови, а што се уште не се применети, а веројатно и нема да бидат применат наскоро. Или едноставно нова дополнета Позитивна листа на лекови нема! Единствено нешто што е извесно кога станува збор за актуелната власт е дека Позитивната листа на лекови е повторно само предизборен маркетинг од Меџити, поточно на власта на СДС и ДУИ“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.
Македонија
ЗНАМ до СДСМ: Димитриевски нема „златни визи“, не е вмешан во скандали и не оди на журки во Дубаи
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија обвини дека СДСМ со нападите врз Максим Димитриевски и партијата се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствената политичка и економска катастрофа. Во соопштението, ЗНАМ ги нарекува обвинувањата на СДСМ „политичка манипулација и замајување“, оценувајќи ги како „неосновани, тенденциозни и без докази“.
Од партијата велат дека Димитриевски има лична и професионална кариера надвор од политиката и дека не бил поврзан со корупциски скандали.
„За разлика од двоецот Заев-Филипче кој ги троши народните пари по луксузни јахти низ светот, тој не поседува ‘златни визи’ и не оди на журки во Дубаи“, се наведува во соопштението.
Според ЗНАМ, сите јавни набавки и финансиски постапки се спроведуваат законски и под надзор, а партијата останува доследна на принципите на отчетност и јавна одговорност. „Политиката за нас не е приватен бизнис, туку јавна одговорност во интерес на граѓаните“, велат од движењето.

