Македонија
Власта да запре со предизборните вработувања, институциите да си распишат огласи по изборите, велат од ВМРО-ДМПНЕ
Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 ново вработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори, велат од ВМРО-ДМПНЕ.
„Зошто ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ тоа не било направено пред година дена? Како наеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања? Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели“, додаваат од ВМРО-ДМПНЕ.
Според нив, сето ова не се случува само во ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.
„ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или кој било оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите. Секое полнење на администрација пред избори не може да се сфати поинаку, освен како изборен поткуп“, завршуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Без струја, дел од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.
Македонија
55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти ДИК
Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,10 отсто, соопшти Државната изборна комисија
Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22%.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68%.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 18:30 часот, на ова прегласување била забележана зголемена излезеност за 1,08% на овие избирачки места.