Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не може да се вади во стилот „јас не сум од овде“, Владата направи директен упад со измените на КЗ
Настапите на Ковачевски се само форма без содржина. Сè му е во стилот „јас не сум од овде“ или „купи ден помини“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски, како што велат, треба да знае дека Владата на ДУИ и СДС со измените на Кривичниот законик направи директен упад во правниот систем и правната држава и тој лично е одговорен за тоа што сегашните судски процеси застаруваат.
„Правдањето со некакво усогласување со европско законодавство беше демантирано до страна на европските претставници и истото тоа ќе го чуеше Ковачевски неколку минути по тоа ако не побегнеше од прес-конференцијата што сам ја најави. Тој е лично одговорен за тоа што се воспоставува култура за неказнивост.
Доколку, пак, мисли дека со измените на Кривичниот законик ќе се спасат актуелните функционери од кривично гонење за сторениот криминал, многу се лаже. А уште повеќе се лаже ако мисли дека ќе се вади на тоа дека во Владата никој не го есапи и одлуки се носеле во негово отсуство“, додаваат од опозициската партија.
Според нив, одговорност ќе има и таа одговорност ќе ја почувствува кога ќе се охрабри да се соочи со народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца
Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу два часот по полноќ се случила на експресниот пат Штип-Кочани.
Во несреќата која била пријавена во 2:24 часот изутрина, учествувало само едно возило. Автомобилот „рено лагуна“ со скопски регистрации излетало од коловозот во близина на клучката кај селото Крупиште.
Возачот – 39-годишен маж од Скопје – починал, а сопатничката и двете деца се здобиле со повреди и се пренесени во болницата во Штип.
Увидот во несреќата е во тек.
Македонија
Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година
Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден.
„На гости во мојот дом беше другарот Фатмир Битиќи, по повод празникот Велигден, Христово Воскресение. Му посакувам здравје низ целата година“, објави Спасовски на социјалните мрежи.
Македонија
Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид
Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на изведувачот му се исплатени, а работата ни оддалеку не е завршена.
,,На изведувачот, само за реконструкција на дворот му се исплатени 230.000 евра од страна на Општина Охрид, за моментално оваа слика што ја гледате позади мене да биде ваква – грда, раскопана, каллива, нереконструирана…”, вели Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска, од местото каде веќе цела година се одвиваат наводните градежни активности.
Според Мојсоска, баснословната сума и тендерот за овој цела година – раскопан двор по кој газат учениците од Охрид, повторно се во рацете на т.н. ,,локален шериф” од ДУИ.
,,Овој тендер заврши во рацете на познатиот Нефи Усеини, кој е рекордер по бројот на дивоградби тука во општина Охрид. Дополнително, истиот овој човек доби 80.000 евра тендер – повторно од Општина Охрид за реконструкција на оградата од дворот на истово училиште. И како тоа да не е доволно, токму Нефи Усеини за оваа иста гимназија доби 50.000 евра за електрична инсталација. Сè на сè, овој познат функционер, Нефи Усеини, доби, речиси, 500.000 евра од страна на власта на ВМРО – ДПМНЕ.
Мојсоска потсети дека во минатото, токму Нефи Усеини, беше симбол на неказнивоста на функционерите на ДУИ.
,,Нефи беше ослободен за нападот на советникот. Нефи Усеини беше ослободен од кривично гонење кога неговата фирма, директно, го загадуваше Охридското езеро. А како симбол на владеењето на овој градоначалник во сенка, остана познатата дивоградба, Пицерија во Чинарот. За жал, и тука се постави дека без разлика кој е на власт, повторно локалните функционери на ДУИ, никој не може да ги допре”, додава Носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска.