Македонија
Во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во „Дрисла“
Медицинскиот отпад наместо да се согорува ќе се стерилизира и депонира. Ова е можноста на новиот стерилизатор што денеска се промивира во Јавното претпријатие „Дрисла“. Стерилизаторот има капацитет од 2000 литри, односно може да третира отпад од 350 килограми на еден час и ги задоволува целосно дневните потреби на депонијата.
„ За Скопје веќе е минато согорувањето на медицински отпад. Нема повеќе да бидеме сведоци на неодговорно и несовесно постапување со медицинскиот отпад што завршуваше на депонијата ‘Дрисла’ како обичен отпад. Со овој тип на обработка на медицински отпад по најсовремени стандарди се штити животната средина, а во исто време се штеди потрошувачката на вода и енергија. ‘Дрисла’ мора да следи и да применува современи технологии за управување со отпадот, бидејќи заштитата на здравјето на луѓето и животна средина се императив“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешниот настан.
За потребите на стерилизаторот направена е доизградба на градежен објект каде е сместен автоклавот, лабораторија и работни простории, со водоводна и канализациска мрежа, мрежа за доводен високонапонски кабел, оптички кабел за интернет, оптички кабел за видеонадзор и напонски кабел за осветлување до просторот за инсталација на автоклавот.
„Овој иновативен систем на обработка во себе има шредер што го намалува и до 80% волуменот на отпадот. Во него се врши шредирање и стерилизација на отпад со висок, потенцијално висок, или патоген ризик, како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри, вреќи со крв, туби за крв, канили и друг отпад од работењето на клиниките, болнички центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории. Ги исполнува сите европски стандарди за животна средина“, додаде директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски.
Новиот автоклав користи современа екотехнологија која ги намалува трошоците за отстранување на медицинскиот отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад.
„Со оваа инвестиција исполнети се сите стандарди за животна средина и Дрисла се трансформира во модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот со целокупниот нејзин потенцијал ставен исклучиво во служба на граѓаните“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
На настанот беа присутни раководители од надлежните сектори во градските служби, надлежни експерти од ЈП „Дрисла“, како и претставници од Министерство за животна средина и Државниот инспекторатот за животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.