Македонија
Герасимовски: Обезбедуваме 260 нови паркинг-места во Капиштец и резидентни паркинзи за центарци
Градоначалникот на oпштина Центар Горан Герасимовски на трибината „Заедно можеме“ од ООУ „Киро Глигоров“ зборуваше за проектот продолжување и изградба на катна гаража на улицата Народен fронт со капацитет од 260 возила.
„Во процедура е нов паркинг во Капиштец. Со самите истражувања ги детектиравме проблемите по населбите и најкритични се Дебар Маало, Капиштец и населбата Буњаковец. Во Капиштец планираме да ја отпочнеме новата катна гаража, тоа ќе биде на улицата Народен фронт, продолжение на онаа монтажна гаража со капацитет од 260 паркинг-места. Ова е еден од поскапите и капитални проекти коишто го планираме да го отпочнеме до крајот на годината, а да го реализираме до средина на следната година“, изјави Герасимовски.
На трибината Герасимовски во присуство на општинската администрација зборуваше и за другите проекти кои беа реализирани во годината која изминува како изборното ветување на пензионерите и отворениот пензионерски клуб во трговскиот центар Беверли Хилс, реконструираното детско игралиште, мрежната инфраструктура на неколку улици и други проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Скопје
Делови од три скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи информира дека поради реконструкција денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром.
Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без напојување ќе останат корисниците дел од улица 16, на патот кон Визбегово во општина Карпош.
Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без напојување ќе останат објектите на градинката Росица, на улица Мечкин Камен, број 45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае
Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите дејствија за обезбедување на докази против Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Тројцата се осомничени за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а за решение во однос на истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо ќе се чека по давањето исказ пред обвинител.
Како што додаваат од Обвинителстовото, осомничените лица добиле известување за завршување на истрагата, но имаат рок од 15 дена доколку имаат, да достават докази до обвинителката.
„Преземени се сите дејствија од страна на обвинителката за обезбедување на докази против сите лица, освен за лицето кое неодамна беше екстрадирано. До осомничените е испратено известување дека истрагата е завршена и тие имаат рок од 15 дена за да достават докази, доколку имаат“, велат од Обвинителството за Макфакс.
Во текот на следната недела Палевски треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд за да се изјасни за притворот кој му беше определен во отсуство.
Според досегашните сознанија кои ги објавија надлежните, Палевски на 27 ноември лани им давал насоки на Кешишов, Манев и Видевски, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски да ја грабнат Вања од зградата.
Сознанијата за нејзиното излегување ги имале од нејзиниот татко. Откако ја киднапирале и ставиле во автомобил, по пат им се приклучил и Палевски и заедно се упатиле кон Бразда каде е извршено убиството. Палевски потоа беше во бегство во Турција, а тројцата соизвршители кои на 6 декември беа уапсени признаа вина.
Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.
Teлата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пронајдени на 3 декември мината година.