Македонија
Германскиот парламент ја усвои Резолуцијата со која на Македонија ѝ се дава поддршка за европската иднина, велат од СДСМ
Синоќа, германскиот парламент усвои Резолуција од 13 точки со која ѝ се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија и признание на македонската култура, идентитет и јазик, соопшти СДСМ.
„Резолуција во германскиот Бундестаг не е само симболичен израз на поддршката што ја имаме од Германија, туку испраќа и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме и почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности.
Упатуваме голема благодарност до нашиот најголем европски сојузник СР Германија за силната поддршка на евроинтеграциите и потврдата за македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност. Никогаш претходно Македонија немала толку многу сојузници, толку многу партнери кои ни помагаат во остварувањето на стратешките цели.
Сега од нас зависи дали ќе ја искористиме оваа силна поддршка што ја имаме.
Затоа уште еднаш ги повикуваме Мицкоски и ДПМНЕ да продолжи дијалогот, да формираат свој тим и потребните уставни измени да се донесат што побрзо, за да не ја пропуштиме оваа историска шанса за остварување на стратешките заложби“ порачаа од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

