Контакт

Македонија

Гостивар го одбележа Светскиот ден за борба против аутизмот

Објавено пред

Светскиот ден за борба против аутизмот во Гостивар се одбележа со многубројни активности. Во одбележувањето на овој ден, покрај Општина Гостивар, се вклучија Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар, Општинската организација на Црвениот крст – Гостивар, ООУ „Единство“ – Гостивар, бизнис-секторот, како и граѓански здруженија и експерти од Македонија и Албанија, кои се занимаваат со третман на децата со аутизам.

dobivaj vesti na viber

Активностите започнаа со марш за подигање на свеста за борба против аутизмот, од Дневниот центар до градскиот плоштад, каде што ресторанот „Њу Албис“ од Гостивар подели 70 оброци за децата со аутизам. Учесниците на маршот беа облечени во маички на кои беше испишано мотото: Shine on light of autism („Светлосни зраци за аутизмот“).

Во ООУ „Единство“ во соработка со ОО ЦК – Гостивар се организира хуманитарен пазар, а собраните средства се наменети за помош на едно сиромашно семејство со дете со посебни потреби.

Активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против аутизмот се заокружија со предавање во салата на Советот на Општина Гостивар на тема: „Да ги надминеме разликите, да запознаеме еден друг“. На предавањето учествуваа претставници од Секторот за јавни дејности на Општина Гостивар, педагози и психолози од општински основни училишта, дефектолози и логопеди од гостиварското подрачје, како и родители на деца со аутизам, а предавачи беа познати експерти од дневни центри за деца со аутизам во Албанија.

Aктивностите за отворање центар за деца со аутизам во објектот на Општинскиот ученички дом „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар се влезени во завршна фаза и се очекува набргу тој да биде ставен во функција, велат од Општина Гостивар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Сервисни информации

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Новаци

Објавено пред

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Новаци е нормализиран, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: Георгиев и Мемети се дел од правосуден октопод, кои, наместо да гонат криминал, се занимавале со криминал

Објавено пред

Апсењето на врховниот судија Наке Георгиев за земање мито од 10 илјади евра е само уште една потврда дека Македонија со власта на СДС и ДУИ ниту била правна држава, а уште помалку европска.

dobivaj vesti na viber

Судијата, кој целата своја судиска кариера и унапредување ги добива во време на владеењето на СДС, вчера беше фатен на дело како зел поткуп во замена за олеснителни околности во постапката што се води против ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, истакна на прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиев, како што појасни Лефков, станал судија во 1997, па бил избран за судија во Апелациониот суд во 2004, па врховен судија во 2020 година, а потоа беше контроверзно избран и за член на Судскиот совет, па потоа уште поконтроверзно се повлече за да може син му да биде избран за судија во Кривичниот суд.

„Неговото апсење го покажа целиот сјај на бедата во која СДС и ДУИ го доведоа правосудството во Македонија.

Наместо правдата, владееле криминалот и корупцијата, а ликови како Георгиев, наместо да се борат против престапниците, самите го прекршувале законот за имотна корист“, додаде тој.

„Но тоа не е сè. Да биде срамна сликата за македонското правосудство целосна, постои основан сомнеж дека и јавен обвинител бил дел од оваа афера.

Имено, извршен е претрес и во домот на членот на Советот на обвинителите, Иџет Мемети, и претрес во службените простории на Советот на јавните обвинители по основано сомнение дека тој заедно со Наке Георгиев ја злоупотребил својата позиција и барал мито за истиот случај како и врховниот судија во замена за олеснителни околности во судската постапка.

И Мемети, како и Георгиев, тесно се поврзува со претходната власт, односно важи за исклучително близок за ДУИ. Својата кариера ја почнува кога оваа партија доаѓа на власт и извршува високи функции од правобранител, министер за правда, уставен судија, па до член на Советот на јавните обвинители.

Ова е судски октопод. Во судскиот систем владее организирана банда, која тргува со правдата и која наместо по словото на законот, работи по словото на парите“, потенцира Лефков.

Повика надлежните институции да го истражат целиот овој случај и многу други бидејќи, како што рече, оценуваат дека корупцијата во судството не завршува само со Георгиев и Мемети, туку пипалата се многу поголеми и подлабоки, од основни, апелациски судови и обвинителства, па сè до високи политички позиции на власта на СДС и ДУи во заминување.

„Без правна држава, нема Европска Унија. Без владеење на правото, нема ниту напредок ниту подобар живот во Македонија.

Со корупцијата мора да има силна и одлучна борба и никој не смее да биде заштитен или амнестиран.

Доаѓа времето на одговорност“, дециден е Лефков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци: во фокусот задржување на постојниот и привлекување нов кадар

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес, оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци, каде што одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на Министерството.

dobivaj vesti na viber

Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела, како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување за обљуба или друго полово дејство на малолетник кој не наполнил 14 години и други.

„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот што работи во овој сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е најбргу што може да се преземат соодветни мерки, со цел задржување на постојниот и привлекување нов кадар во овој дел.
Во однос на Одделот за прекршоци, исто така има недостиг на соодветен кадар, кој треба да исполнува посебни услови во согласност со Законот за прекршоците за ефикасно извршување на големиот обем на работа што го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите што ги нудат современите софтверски решенија“, истакна Тошковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија3 часа

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ4 часа

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ4 часа

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија5 часа

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија5 часа

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...

Свет5 часа

Франција го поддржува Хаг во повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата борба против неказнивоста...

Македонија6 часа

Претрес и кај Иџет Мемети во случајот со барањето поткуп

Синоќа, по наредба на судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на членот на Советот на јавните обвинители,...

Свет7 часа

Најмоќната серија земјотреси во последните 40 години: јужна Италија за пет часа регистрира 150 потреси

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани вчеравечер и утринава на полињата Флегра во близина на Неапол...

Свет8 часа

Едно лице загина во напад со украинско беспилотно летало во регионот на Белгород

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на Вооружените сили на Украина врз автомобил во...

Свет8 часа

Најмалку 10 лица повредени од удар на гром во Дрезден

Најмалку десет лица се повредени, од кои четворица потешко, во удар на гром за време на краткото, но силно невреме...

Свет8 часа

Во Полска уапсени девет лица за акти на саботажа во име на Русија

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека полицијата уапсила девет лица кои извршиле саботажа во Полска за услугите на Русија. „Во...

Македонија21 час

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп. „Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од...

Свет21 час

Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми

Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската...

Топ1 ден

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело загрозување...

Македонија1 ден

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени...

Економија1 ден

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Македонија1 ден

Данела Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

За Денот на пожарникарите, 20 Мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и...

Македонија1 ден

Владата нема испратено пораки за надомест, граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб-страницата

„Владата на Република Северна Македонија нема испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај, кој се...

Топ1 ден

Загина кумановец, возилото во кое се превезувал излетало од патот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, атар на с.Агино Село, кумановско,...