Македонија
Го осудуваме кукавичкиот чин врз Таравари, можеме да имаме несогласувања, но не треба да се одалечиме од заедничката куќа, порачува Лога

По информациите за расколот во Алијансата за Албанците, министерот за правда, Кренар Лога, кој важи за приврзаник на Таравари, преку објава на својот фејсбук-профил порачува членството да се смири и да се изнајде вистинскиот пат во партијата.
Лога во Алијансата за Албанците гледа „заедничка куќа“.
„Почитувани членови и симпатизери, сакам да ве известам и да ве уверaм дека канцелариите на Алијансата за Албанците се за сите нејзини членови. Денес можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг, од нашата заедничка куќа.
Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистински пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Поради тоа, апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе“, порачува Лога.
Лога го осудува секој вид насилство.
„Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кој било, исто како што денеска го осудуваме кукавичкиот чин врз нашиот сопартиец Арбен Таравари. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно, што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствота“, апелира Лога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
(Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.
При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.
Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.