Македонија
Груби, Бектеши и Нуредини промовираа водоводна мрежа во Лојане, Слупчане и Оризаре
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и министерот за економија, Крешник Бектеши, беа во посета на општина Липково, поточно во населените места Лојане, Слупчане и Оризаре.
Во селото Лојане министрите го промовираа почетокот на изградбата на секундарната водоводна мрежа. Владата за овој проект од ТАВ Програмата ѝ додели на општина Липково сума од 22.021.091,95 денари, додека покрај овој проект во оваа месност се реконструира и резервоарот за вода за пиење.
И во Слупчане беше инаугуриран почетокот на изградба на системот за водоснабдување, проект во вредност од 27.934.673,00 денари. Овој проект е финансиран во соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Липково.
Денеска стартуваше почетокот на работите за реализација на проектот за водоводната мрежа, проект финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во износ од 32.452.614,00 денари.
„Со овие проекти што Владата ги финансира за општина Липково, се заокружуваат проектите во некои села на општина Липково, за снабдувањето со вода за пиење. Со реализацијата на овие проекти кои Владата ги финансира за општина Липково, на секое семејство ќе им се обезбеди вода за пиење и сите ќе имаат пристап до една стабилна водоводна мрежа“, велат од кабинетот на Груби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

