Македонија
Груби на средба со црногорската амбасадорка Петровиќ: Заедно ги почитуваме вредностите на НАТО и ЕУ
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, имаше средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.
Груби и Петровиќ потврдија дека двете земји негуваат добро пријателство и соработка почитувајќи ги истите вредности – Европската Унија и НАТО.
На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија има важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан и во исто време е добар пример каде граѓаните покажаа демократска зрелост и се одлучија за владеење на правото и демократските вредности.
Марија Петровиќ му се заблагодари на Груби за поддршката што Република Северна Македонија ѝ ја дава на Црна Гора на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија.
Двајцата се согласија дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и на тој начин да ја зајакнуваат економската соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во „Систина“
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, најави проект за бесплатни прегледи за остеопороза во соработка со приватната болница „Аџибадем Систина“.
Тој истакна дека по неговото доаѓање на градоначалничката функција, по 10 жени постари од 50 години месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза, што ќе биде дел од поширока иницијатива за превентивна здравствена заштита.
Лукровски додаде дека целта е „општината да биде сервис за уште подобри услови за работа во здравствените установи, како пред сè за пациентите така и за вработените“.
„Со моето доаѓање во општината дојдов со предлог да отпочнеме со превентива кај популацијата на жени над 50 годишна возраст и договоривме пакет или ветување дека месечно по 10 жени односно 120 годишно, и ако тоа го преточиме во еден, нели, градоначалнички мандат, 480 жени, госпоѓи ќе добијат преглед во делот на борба против остеопорозата преку Декса скен, мислење и понатамошен третман,“ изјави Лукровски.
Тој се заблагодари на менаџментот и лекарскиот тим на болницата и додаде дека веќе разговарале и за други можности со кои општината може да помогне на граѓаните.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески.
Професорите ја информираа за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје.
Обајцата ја аргументираа заложбата за измена на Законот за државни награди заради додавање на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“.
За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени: Конески на 19-ти, а Несими на 25-ти.
Со гордост истакнуваат дека двајцата биле професори на Филолошкиот факултет и она што е Конески за македонскиот јазик и македонистиката, е Несими за албанскиот јазик и албанологијата.
Сиљановска-Давкова е убедена дека пратениците ќе ја препознаат оваа благородна идеја и со големо мнозинство ќе го изгласаат Законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди.
За неа, Конески и Несими се духовни великани на македонскиот и на албанскиот јазик, чии имиња одамна требало да симболизираат врвни достигнувања во белетристиката.
Македонија
На Клиниката за неврологија отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста и превенција од мозочен удар
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија, утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“.
Во рамките на настанот, на 28 октомври 2025 година (вторник), ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, во просториите на Клиниката за неврологија.
Со овој настан, Клиниката велат од таму, испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се покачен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот.

