Македонија
Денеска ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родените бебиња

На Универзитетската Клиника за гинекологија денеска ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родените бебиња. На прес-конференцијата ќе се обратат директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, заменик министерот за здравство Јовица Андовски и клинички неонатолог педијатар.
Како што соопшти Министерството за здравство, на настанот ќе бидат презентирани новата статистика за прематуритетот и ќе се најави набавка на нов транспортен апарат за вентилација на превремено родените, воведување на нов бесплатен скрининг за трудници, како и промоција на нов водич за родители на превремено родените бебиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и еден од Италија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите.
Во однос на останатите пациенти во странство, кај дел има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба.
Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба, како и во текот на вчерашниот ден, по шест во Св.Наум Охридски и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници.
-И понатаму внимателно ја следиме состојбата на повредените пациенти и остануваме во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветени на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани, наведува Министерството.
Македонија
СДСМ: И по една година, Мицкоски уште сече ленти на инвестиции на СДСМ

„Мицкоски вчера од Штип повторно се обиде да се накити со туѓи перја и да ги промовира инвестициите на СДСМ како свои. Гордо Мицкоски наајави дека оваа недела започнува со работа фабриката на канадската компанија „Магна“, најавувајќи ја како „нова странска инвестиција“. Но, штипјани имаат подобра меморија од него – тие знаат дека оваа инвестиција беше најавена уште во мај 2023 година, од тогашниот премиер Димитар Ковачевски и Владата на СДСМ“, велат од СДСМ.
„Фабриката на „Магна“ е резултат на стратешките економски политики на СДСМ. Обидот на Мицкоски да ја претстави оваа инвестиција како сопствен успех е евтин ПР трик – очајнички обид да се прикаже некаква работа, откако речиси една година не успеа да донесе ниту една нова значајна странска инвестиција. Реалноста е дека Мицкоски и неговата Влада речиси една година тапкаат во место кога станува збор за економијата. Единственото нешто што го „промовираат“ се проекти започнати од претходната Влада, а граѓаните гледаат сечење ленти на проекти кои биле целосно реализирани од претходната влада. СДСМ беше и останува партија што носи реални резултати за граѓаните и економијата. Во време на нашето владеење, Северна Македонија беше препознаена како стабилна и атрактивна дестинација за странски инвестиции. Не со лажен ПР на веќе започнати проекти, туку со вистински нови фабрики, вработувања и економски раст“, посочуваат од партијата и додаваат:
„На Мицкоски му порачуваме, може да глумиш колку сакаш, но економски раст не се гради со лаги и ПР. Се гради со работа, нешто што него очигледно сè уште не му е непознато“.
Македонија
Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања. Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари, изјави
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има. Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма. Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДС, кои и ги поставија на нелегитимен начин. Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот, рече Петрушевски.