Македонија
Досега 1.964 онлајн-пријави за субвенции за набавка на инвертер клима-уреди
Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 1.964 апликации, а остануваат средства за уште приближно 3.500 барања, соопшти Град Скопје.
Од таму ги потсетуваат граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да се пријават онлајн.
Повикот ги опфаќа граѓаните што купиле инвертер од 1.1.2020 година до завршувањето на повикот на 30.11.2020 година или до денот на исцрпување на средствата.
На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не поголема од 62.000 денари во нето-износ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.