Македонија
ДУИ: Победата на Путин и руската поддршка во Северна Македонија се скандалозни
Демократската унија за интеграција со голема загриженост гледа на неодамнешните резултати од руските избори и на териториите надвор од Русија.
„Диктаторот Путин на руските избори одржани насекаде, доби поголема поддршка од земјите од регионот во Северна Македонија. Според изборната комисија на Русија, за Путин гласале 88,1 отсто од руските граѓани кои живеат во нашата земја. Ова докажува дека руската политика е присутна, не се откажува и продолжува секој ден се повеќе во обидот да го загрози европскиот пат на Северна Македонија и да уништи се што земјата постигнала во последните неколку години. Во руското сценарио на Путин, политичките партии во Северна Македонија веќе долго време гласно се набројуваат, а на истите неодамна им помага и албанската опозиција која секојдневно ги клевети, навредува и дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земјата, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, велат од ДУИ.
Демократската унија за интеграција не сака да верува дека албанската опозиција е свесно приврзана за руските сценарија и воедно апелира истата да размислува и да води кампања демократски и европски, земајќи ги за пример ДУИ и идниот претседател на државата, Бујар Османи.
Ги уверуваат граѓаните дека, како што се случи со членството во НАТО и успешното лидерство со мисијата на ОБСЕ, Демократската унија за интеграција ќе биде главниот клуч во процесот за членство во Европската Унија.
„Така, како што откриваат сите анкети, на 24-ти април и на 8-ми мај албанската опозиција, веќе координирана со руските политики во Северна Македонија, ќе го добие последниот удар од граѓаните, од кои повеќето отворено кажаа „ДА за Европа, НЕ за Русија“, истакнуваат од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води АВМУ и во наредните пет години
Зоран Трајчевски ќе продолжи да ја води Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во наредните пет години, откако ја обезбеди поддршката од Советот на АВМУ за продолжување на својот мандат.
„На денешната 26-та седница, Советот на Агенцијата одлучи во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води д-р Зоран Трајчевски“, соопштија од АВМУ.
Македонија
Усвоен буџетот на општина Аеродром за 𝟤𝟢𝟤𝟨 година – најголемиот и најкапиталниот досега
Советот на општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината.
Вкупната финансиска рамка изнесува:
· Основен буџет: 1.302.567.000 денари
· Капитални инвестиции: 883.375.000 денари
Буџетот за 2026 година е насочен кон инвестиции што обезбедуваат вистинска грижа, подобар живот и еднакви можности за сите жители. Средствата се распределени во повеќе клучни области – образование, социјална заштита, култура, спорт, инфраструктура, урбан развој и заштита на животната средина.
Образование и грижа за најмладите
· Доградба на ООУ „Блаже Конески“
· Доградба на ООУ „Гоце Делчев“ – Горно Лисиче
· Доградба на градинка „Изворче“ – Стар Аеродром
· Изградба на нова градинка „Пчелка 1“ – населба Лисиче
· Проект „Униформа за секој ученик“
· Обезбедување таблет за сите ученици од четврто одделение
· Награда за наставник на годината
· Награда за ученик на годината
· Субвенции за талентирани ученици и спортисти
Социјална поддршка
· Финансиска поддршка од 8.000 денари за секое новороденче
· Финансиска поддршка за првачиња
Култура, спорт и квалитетен живот
· Изградба на првиот мултифункционален центар – јадро на културата и забавата
· Изградба на нови спортски игралишта
· Изградба и уредување детски игралишта
· Поставување калистеника фитнес зони
· Нова урбана опрема во сите населени места
Инфраструктура и урбан развој
· Реконструкција на улици и пешачки површини:
- ул. „Симеон Кавракиров“ – Мичурин
- крак од бул. „3-та Македонска бригада“ (кај Метро)
- ул. „Лисец“ – Горно Лисиче
- краци на ул. „Ѓорѓи Капчев“ и „Тодор Чангов“
- ул. „Богомилски Поход“
- ул. „Гаврил Константиновиќ“
- плочници во Ново Лисиче
· Реконструкција на ТЦ Населба Лисиче и плочник околу ТЦ „Три Бисери“
· Изградба на мост на патот Горно – Долно Лисиче
· Довршување на водоводните мрежи во Горно и Долно Лисиче
· Ново сообраќајно решение во Мичурин и Стар Аеродром за полесно движење на возилата, зголемен број паркинг-места и побезбедни пешачки и велосипедски патеки
Чиста и уредена општина
· Набавка на нова механизација за одржување на хигиената и зеленилото
· Униформи и заштитна опрема за комуналните работници
„Буџетот за 2026 година претставува јасна определба за рамномерен развој, еднаква грижа и подобро секојдневие за сите граѓани. Општина Аеродром продолжува да инвестира одговорно и стратешки, градејќи општина во која децата растат во безбедна средина, младите добиваат нови можности, а секој граѓанин чувствува поддршка и грижа.
Општина Аеродром останува посветена на заедничката цел – Аеродром по мерка на секој жител и иднина исполнета со развој, можности и доверба“, соопштува општина Аеродром.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, во наредните денови стабилно и студено со ниски утрински температури
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во првите денови од следната седмица наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).

