Македонија
Заев-Галовеј: Поддршка од Велика Британија за евро-атлантските аспирации на Македонија
Претседателот на Владата, Зоран Заев, ја прими во посета новата амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, соопшти владината прес-служба.
Заев ѝ посакал добредојде на Галовеј и изразил уверување дека таа успешно ќе ги продолжи активностите за натамошно зајакнување на односите меѓу двете земји.
„Претседателот на Владата ја нагласи исклучително добрата соработка со Обединетото Кралство во повеќе сфери, особено во економската соработка и особено во поддршката што оваа земја го посветува на развојот на капацитетите на институциите во нашата земја, со посебна акцент на подигнувањето на перформансите на парламентот. Заев ја запозна амбасадорката Галовеј со актуелниот политички момент во земјата со посебен акцент на создавањето најдобри услови за одржување на претстојниот референдум за договорот со Грција како следен чекор кон членството на нашата земја во ЕУ и НАТО“, соопшти Владата.
Галовеј изразила задоволство што во наредниот период добила шанса да е присутна во еден исклучително значаен период од развојот на Македонија кога, како што посочила, треба да се финишираат последните фази од членството во ЕУ и во НАТО и дека од нејзината земја ќе продолжи поддршката за реализирање на евро-атлантските аспирации на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

