Македонија
Заев денеска треба да ги достави до Собранието новите имиња на министри

Премиерот Зоран Заев попладнево се очекува да ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада. Се уште не е јасно дали предлозите ќе ѝ бидат соопштени на јавноста.
Предлогот на Заев за новиот состав на Владата, треба да биде усвоен на собраниска седница следната недела.
По реконструкција на Владата, премиерот Заев, најави дека ќе следуваат и промени во пониските ешалони, а со нив треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Предлогот до Собранието требаше да биде доставен во петокот, но премиерот го одложи за денеска, поради одржувањето на Конституенцата на која присуствуваат 15-ина министри за финансии, гувернери, потпретседатели на Светската банка и потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јаневска: За една година изградени се 7 нови училишта

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на панелот „600 милиони евра за развој и локален прогрес“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.
Јаневска истакна дека за само една година реализирани се проекти во вредност од 67 милиони евра.
-За само една година од добивањето на мандатот на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука ние покривме проекти вредни 32 милиони евра, вели министерката Јаневска.
Јаневска додаде дека изградени се 7 нови училишта, реконструирани се 20 други останати училишта и се градат 4 спортски сали.
-Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот тој период реконструиравме 20 други останати училишта и почнавме и градиме 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Уште еден доказ дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа само за граѓаните, нагласи министерката Јаневска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога ДУИ не може да краде, почнува со врескање и криење зад етничкото знаме

Во соопштение до јавноста, ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на настапите на ДУИ, обвинувајќи ја партијата дека секогаш кога се соочува со одговорност за криминал и корупција, се крие зад етнички теми и меѓуетнички односи.
„Ова е старата и одамна потрошена матрица на Ахмети, Османи и нивните луѓе, секогаш кога им се сече гранката на криминалот и корупцијата, кога повеќе нема тендери и рекет, тогаш наеднаш стануваат ‘заштитници на Албанците’ и ‘бранители на меѓуетничките односи’. Во превод: кога нема пари и функции, тогаш почнуваат да се кријат зад етничкото знаме. Но вистината е јасна, 20 години ја цицаа државата, беа недопирливи и без одговорност. Денес дел од нив бегаат, дел се кријат, а дел се тресат од страв од апсење, затоа што знаат што направиле“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Перински: Ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, дискутираше министерот за локална самоуправа Златко Перински, се осврна на работата на Владата и нејзината поддршката кон општините со цел да се мотивираат градоначалниците и општинската администрација за креирање на проекти согласно потребите на граѓаните.
-Оваа Влада даваше средства на сите локални самоуправи на база на проекти коишто ги добивме како инпут од самите локални самоуправи, сакавме да ги мотивираме градоначалниците, да ја мотивираме општинската администрација да креира проекти коишто ќе бидат издржани согласно потребите на граѓаните и врз основа на тоа да испорачаме средства од централниот буџет за истите да се реализираат, рече Перински.
Министерот посочи дека во првиот јавен повик има 288 проекти од кои веќе 137 се завршени, а од двата повика се изградени и реконструирани училишта, изградба на патна инфраструктура, како и изградба на градинки, и спортски објекти.
-Во првиот јавен повик имаме 288 проекти којшто се влезени во рамка на финансирање во вториот јавен повик веќе се склучени договори за 828 проекти коишто се ефектуираат на терен, од првиот јавен повик од оние 288 проекти, 137 се завршени, ветувањето на Владата влегува во завршна фаза и проектите го гледаат светлото на денот. Од првиот и од вториот јавен повик се изградија и реконструираа 55 училишта за само една година, имаме преку 702 проекти коишто се насочени кон подобрување или изградба на нова патна инфраструктура, имаме градинки, 9 градинки се реконструирани или се изградени, 36 спортски објекти, кога ќе видете дека од 288, 137 проекти се веќе завршени не може да не очекувате или не може да не бидете мотивиран да продолжите понатаму, нагласи Перински.