Македонија
(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел
Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан.
„Владата уште поенергично ќе ги води реформските процеси во следните два месеца за во јуни Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Ќе утврдиме нов план за динамиката на реформите до крајот на 2018, кој ќе биде поврзан со имплементацијата на она што досега го постигнавме“, рече Заев.
Тој додаде дека извештајот ги вреднува сите заложби на Владата, процеси за темелни реформи и инклузивни политики. „Во минатите два извештаја, поради длабоката политичка криза и констатацијата дека Македонија е заробена држава, препораката беше условена со создавање демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препорката е чиста и безусловна. Република Македонија го задоволува основниот политички критериум за членство во ЕУ“, истакна Заев.
Според него, членството во ЕУ и НАТО значи подобра бизнис-клима, повеќе инвестиции, повисоки плати и подобар живот.
„Низ соработка со сите засегнати страни и со учество на опозицијата ги усвоивме важните реформи во судството и администрацијата. Ќе продолжиме со опозицијата и со граѓанскиот сектор заедно да носиме одлуки и за други национални интереси, тука мислам и формирање широк консензус за решавање на спорот за името“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.