Македонија
(Видео) Заев: Очекуваме зелено светло за почеток на преговорите со Унијата
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека позитивниот извештај на Европската комисија е потврда дека земјата успешно работела на реформите во согласност со агендата за интегрирање на земјата во ЕУ. Тој порача дека сега на ред се лидерите на земјите членки на Европската Унија, кои треба да дадат зелено светло за почнување на преговорите со Унијата.
„Позитивниот извештај на Европската комисија за мене е потврда дека ние успешно сме ги завршиле обврските и дека сме на вистинскиот пат. Тука се мисли на донесените закони за Јавното обвнителство и за Советот на јавните обвинители, на формирањето на агенцијата ОТА, на реформите во јавната администрација, на транспарентната работа на антикорупциската комисија. Извештајот ќе биде проследен до Советот на ЕУ, кој потоа ќе носи одлуки. Уште еднаш сакам да испратам порака до европските лидери да го исполнат своето ветување, тие сега се на потег. Ние не очекуваме дека веднаш ќе влеземе во ЕУ, но очекуваме отворање на преговорите, отворање на претпристапните фондови и зголемување на инвестициите во земјата“, рече Заев на денешната прес-конференција.
Заев не сакаше да одговори конкретно кога земјата ќе добие датум за отворање на поглавјата бидејќи, како што рече, тоа не зависело од македонската Влада.
„Ние ќе чекаме, се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ што побргу, а ние остануваме да чекаме“, додаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа.
Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава.
Димитриевски рече дека истовремено сака да испрати порака до актуелното раководство на СДСМ.
„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат.
Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што
денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.
За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси“, порача Димитриевски.
Македонија
Стојаноска: Со платформата 1198 ќе имаме широк дијалог со синдикатите, жестока борба со корупцијата и економска трансформација
Денес унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Брвеница во дворот на црвата Св. Никола во Челопек организираше одличен настан во кој учество имаа земено и млади девојки во поречка носија оттука го честитаме први мај меѓународниот ден на трудот и се обврзуваме како идна влада со програмата платформа 1198 дека ќе имаме широк дијалог со синдикатите, дека ќе направиме економска трансформација од која ќе бидат задоволни сите граѓани на Република Македонија, рече Дафина Стојаноска, носител во изборната единица шест.
„Ветуваме жестока борба со корупцијата и секако конечно завладејување на правото. Македонија мора повторно да биде твоја и повторно да биде горда“, вели Стојаноска.
Македонија
Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада, побараа синдикалците
Синдикалците бараат минимална плата во износ од најмалку 450 евра, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз.
Тие порачаа дека после 8 мај, кој и да дојде во владата, треба да ги исполни нивните барања во првите 100 дена.
„Бараме најниската плата да биде иста како таа во регионот односно минимум 450 евра. Исто така, бараме враќање на загубеното право во 2009 година, додаток за храна и превоз“, рекоа од Синдикатот на работниците.
Оттаму порачаа дека бараат достоинствени плати за да не мора, како што рекоа, својата егзистенција да ја бараат во Хрватска, Црна Гора или други земји.
Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука да им биде одземен Работничкиот дом, појаснувајќи дека со тоа се направени обиди за притисок врз синдикатите.