Македонија
Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуализација при магнетна резонанција
На граничниот премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус запленети се 329 раствори за инјекции Gadovist 1.0, кои се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанција, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, извести Царинската управа.

„Имено, на 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата, пронајдоа кутија во која имало 329 раствори за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител ‘Бајер’ (Bayer) за што како сопственик се пријавил патник со иницијали М. Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство“, се вели во соопштението на Царинската управа.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело шверцување по член 278 од Кривичниот законик.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

