Daily news
„За заедничка Македонија“ од денес продолжува со протестите
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од денес продолжува со протестите во 17 часот, во Скопје и во другите градови низ државата. Во најавата за денешните протести се вели дека тие продолжуваат „уште похрабри, посплотени, понергеични и поодлучни“.
– Горди сме на граѓаните кои во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните кои застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена Република Македонија во која рамноправно, без уцени и дискриминации ќе живеат сите нејзини граѓани. Граѓаните кои нема да отстапат и кои се подготвени во оваа битка да одат до крај, до финалната победа!
Никакви заплашувања, закани, навреди и разно-разни обиди за деморализирање на луѓето нема да им пројдат. Напротив, ни даваат уште поголема енергија, воља и мотивација за да продолжиме уште похрабро, уште поцврсто и уште понепокорно.
Никој не смее да си игра играчки со оваа земја. Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконзки ќе избира Претседател на Собрание како да бира Претседател на Куќен совет. Ако за оние кои праќаат поддршка за нелегитимниот и незаконски т.н. претседател на Собрание Талат Џафери, ако за нив Македонија е играчка, за нас е светиња и со неа нема играње. Исто како што нема и со нас.
Бараме од институциите да поведат постапка за сите кои се обидоа да извршат Државен удар и вон СИТЕ процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието. Не не’ интересира кој го поддржал незаконскиот Џафери, во оваа земја газда е народот на Република Македонија, а не бирократи од дипломатските мисии кои си го гледаат својот, а не интересот на граѓаните на Република Македонија.
Нелегитимниот Џафери заедно со квислинзите од тиранската коалиција не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат Државен удар и на сила да ја преземат власта. Нема да им помине. Ниту овој, ниту било кој нареден обид да провоцираат толпа, да ги провоцираат граѓаните на Република Македонија, сакајќи во лице да им се смеат, додека го кршат Уставот.
Овде живее горд народ, достоинствен народ кој секогаш се борел и секогаш ќе се бори против предавничко-вазалскиот менталитет на слабаците кои во оваа држава секогаш ги имало и секогаш завршувале неславно.
Граѓани на Заедничка Македонија,
ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ. ПОСИЛНИ, ПОСПЛОТЕНИ, ПОМОТИВИРАНИ. ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА.
Вторник, 17:00 пред Влада на Република Македонија во Скопје и плус низ целата држава. Од оваа битка отстапување нема, бидејќи ако неа ја изгубиме, ја губиме Македонија. А тоа за граѓаните на Република Македонија – НЕ Е ОПЦИЈА. Кој мисли поинаку, нека се обиде да не’ спречи. Како и секогаш… ќе биде поразен. Бидејќи доброто секогаш победува.
Излезете на улица и покажете им на провокаторите, на насилниците кои сакаат со силување на Уставот и законите да дојдат на власт, на оние кои се закануваат со палење, убивање и судски прогон на граѓаните кои ја сакаат Македонија, на оние кои не’ нарекуваат ТЕРОРИСТИ затоа што сакаме да го спречиме теророт врз нашата мила земја… кажете им од што сме направени. Кажете им дека во нашиот ген не постои зборот покорување, туку само зборот НЕПОКОР. И кажете им дека стравот кој го имаат од нас им е оправдан. И ќе изгубат. Бидејќи тие мора да изгубат, за Македонија да победи – се вели во најавата на денешните протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.