Македонија
„Зелена лупа“: Од 51 иницијатива против судии, решени се само 13
Во согласност со проектот „Да ја вратиме довербата на граѓаните“ („Правда за секого“), спонзорирано од „Цивика мобилитас“, здружението „Зелена лупа“ поднесе 51 иницијатива против судии на основните судови, Апелација и Врховниот суд. Иницијативите беа поднесени до Советот на фактите, од кои се прифатени 13 иницијативи, одбиени 25 и сè уште без одговор се 13 иницијативи. Во согласност во текот на проектот беше поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје врз основа на член 274, ст. 1 од Законот за кривичната постапка против судиите.
Во врска со поднесените претставки и поплаки од граѓаните поднесени преку здружението „Зелена лпа“ во текот на 2017 година, од 51 поднесена иницијатива, досега се решени 13. Тие 13 иницијативи се однесуваат за сторена повреда на одредбите на кривичната постапка при определување на мерката притвор на Сеад Кочан. Според здружението, индикативно е што Судскиот совет ги прифати овие иницијативи затоа што и Основното јавно обвинителство Скопје презема истражни мерки за да утврди дали од одделни судови и претседатели на судови се донесени незаконски решенија во врска со укинување на мерката притвор на тоа осомничено лице.
„По однос на донесените одлуки од Судскиот совет, со кој се одбиени поднесените 25 иницијативи за утврдување одговорност за нестручно и несовесно работење на судиите, до сите добиени одлуки не се наведени никакви факти и околности од поднесените барања, ниту се дадени причини зошто тие иницијативи се одбиени како неосновани.
По однос на недонесена одлука од страна на Судскиот совет по поднесени други 15 иницијативи за утврдување одговорност на судии, досега не е донесена одлука иако во член 31 од Законот за судовите е пропишано дека Судскиот совет задолжително најмалку еднаш месечно расправа поединечно по сите претставки и поплаки поднесени од граѓани и правни лица против судиите, претседателите на судовите, како и за пролонгирање на судските постапки, и во врска со тоа донесува одлуки најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот во Судскиот совет“, соопшти „Зелена лупа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

