Македонија
Изгребан автомобилот на пратеничката Александрова пред Собранието

Со гребаници непознати лица ѝ го оштетиле автомобилот на пратеничката Емилија Александрова од редовите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Инцидентот се случил додека пратеничката била внатре чекајќи да почне собраниската седница за законот за ЈО. Aвтомобилот на пратеничката бил паркиран во кругот на Собранието во близина на службениот влез. Александрова повикала полиција, која врши увид на автомобилот, кој, како што рече таа, бил изгребан од двете страни.
„Ќе ве молам, не прашувајте. Кога и како се случило – не знам, истрагата ќе покаже“, коментира кусо пратеничката Александрова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Арсовска: Ѓеоргиевски освен со сликање со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно треба да ја превземаат во континуитет“, вели градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои градоначалникот на општината сам ги дозволил.
Проблемот од Батинци поради неодржување на каналите се прелева кон Скопје, а Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација активно работат на терен. Само немаат време да се сликаат!“, вели Арсовска.
Македонија
Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир е нормалзиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.