Македонија
Има глобален недостиг од инсулинот „ризодег“, пациентите нека си побараат замена, советуваат од Министерството за здравство
Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лековите „оземпик“ и „рибелсус“ во согласност со количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулина се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки, посочуваат од Министерството.
„Во врска со инсулинот „ризодег“, од компанијата „Ново нордиск фарма“ е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини во согласност со тендерската постапка. За таа цел, пациентите што имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија“, велат од Министерство за здравство.
Од Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Македонија велат дека повторно имаат недостиг на инсулин.
„Поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде што добивме официјален одговор дека поради реевидирање на количините на „ризодег“ во согласност со количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, а за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалисти еднокринолози/дијабетолози и заеднички да направат вистинки избор за замена на инсулинската терапија. Воедно, ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија со „оземпик“ и „рибелсус“, дека побаравме информација од Министерството за здравство, чиј одговор во моментот не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите. Нашите информации говорат дека има терапија за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но, за жал, не сите и секој ја добива континуирано и навремено. Затоа, ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, соопштуваат од Сојузот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

