Македонија
Казанџиска: МОН не може да влијае како некој ќе се изјасни, законските процедури ги следи Агенцијата за администрација
Државниот секретар во МОН, Билјана Казанџиска, на новинарското прашање за работното место раководител за сектор за средно образование, каде што во јавниот оглас е наведено дека треба да се вработи Македонец или Македонка, а вработена е Љуљиета Ќерими, која досега, според јавно достапните документи, се изјаснувала како Албанка, рече дека сите вработувања на административниот кадар се реализираат преку Агенцијата за администрација.
„Овде Mинистерството не може да влијае ниту како некој ќе се изјасни, доколку е во согласност со законот, законските процедури ги следи Агенцијата за администрација. Лицето сè уште не е вработено, има приговори, не знам како ќе се одвива случајот понатаму. Оној што ги исполнува условите во согласност со законот – тој ќе биде вработен“, рече Казанџиска.
На прашањето дали има измени во конкурсот, Казанџиска одговори дека конкурсот е ист.
Огласот за вработување раководител на секторот за средно образование е од 3 јануари годинава, а одлуката за избор на Љуљиета Ќерими е објавена минатата недела, на 8 февруари, по завршувањето на сите фази за селекција на кандидатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегувал и ширел лаги и манипулации во јавноста.
„Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција. Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.