Контакт

Бегството на Груевски

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

Објавено пред

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто во овој поранешен автократ, осуденик за корупција што можеби ќе го стопи срцето на Орбан“.

dobivaj vesti na viber

Со оваа објава на Твитер, истражувачкиот новинар Обри Волфорд од Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) со две реченици ја долови реалноста – дека е голема веројатноста блискоста меѓу Никола Груевски и Виктор Орбан да го направи бившиот премиер, осуден на две години затвор, слободен граѓанин во Будимпешта.

Оваа блискост датира многу одамна, што впрочем се гледаше и во владеењето на двајцата премиери, кои носеа слични одлуки, делеа исти ставови, остваруваа редовни средби. Она што најмногу ги врзува е национализмот и нивната тенденција да владеат со секој сегмент од општеството, вклучувајќи ги и медиумите.

Оваа тенденција во Македонија продолжи и откако ВМРО-ДПМНЕ ја загуби власта, па во земјава почна да се слева унгарски капитал во македонски медиуми, кои се блиски до сега опозициската партија. Па така, во многу краток период, две фирми со унгарски капитал, „Таргет медиа“ и „Адинамик медиа“, ги купија веб-порталите Нетпрес, Република, Курир и телевизија Алфа. Истражувањето на БИРН покажа дека двете лица кои се јавуваат како сопственици на овие фирми, Петар Шатц и Агнеш Адамик, своите кариери во медиумите ги граделе токму за време на владеењето на Орбан, ги поддржуваат неговите политики, а медиумскиот бизнис го шират во повеќе држави во регионот, меѓу кои и во Македонија.

Познат како „малиот Путин“ во срцето на Европа, 55-годишниот Орбан беше првиот премиер на држава од Европската Унија кој почна да ги преиспитува западните вредности, да го поттикнува национализмот и сѐ поотворено да се угледува на Русија.

Кратко време откако дојде на функцијата, во 2010 година, Орбан ја оствари својата прва официјална посета на Никола Груевски во мај 2011 година и го пофали неговиот домаќин за својата работа. Две години подоцна, Орбан го прими орденот „8 Септември“, највисокото признание од македонското Собрание за исклучителни придонеси во афирмацијата на Македонија во меѓународните односи.

Ова се случи токму во периодот кога Македонија се соочуваше со гласни критики од меѓународната заедница за проблемите што ги создаде Груевски во демократските процеси, владеењето на правото, слободата на медиумите.

Џорџ Сорос им беше заедничкиот непријател на Орбан и Груевски. На предвремените избори во декември 2016 година, за време на техничката влада воспоставена преку Пржинскиот договор, Орбан дојде во Скопје да го поддржи Груевски на партискиот митинг.

Веднаш по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи ја почнаа кампањата против Сорос и јавно повика на „десороизација“ на државата. Кратко време подоцна почна и иницијативата „Стоп за операција Сорос“, во која учествуваа и новинари кои работеа во медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а беа и гости на големиот собир во Будимпешта, каде што беше формирана иницијалната „Стоп операција Сорос“.

„Унгарија е пример што треба да се следи, таа е првата земја која ја призна заканата од Фондацијата ‘Сорос’, особено неговото барање за отворање на границите“, пишуваа дел македонски медиуми.

Неколку месеци откако СДСМ ја презеде власта во мај 2017 година, Виктор Орбан дојде во Охрид за да му даде поддршка на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан тогаш и јавно му се заблагодари на Груевски за „спречување на мигрантите да дојдат во Унгарија”. Односот кон бегалците и бегалската криза впрочем беше уште една допирна точка меѓу Орбан и Груевски.

Двајцата политичари разговараа околу три часа, по што Орбан, со приватен авион се врати во Унгарија.

Дел медиуми тврдат дека токму на оваа средба Орбан му дал ветување на Груевски дека може да се засолни во Унгарија доколку во Македонија му се заканува затвор, а унгарските медиуми веднаш по средбата информирале дека Груевски навистина добил такво ветување.

Партиите на Груевски и Орбан, ВМРО-ДПМНЕ и Фидес, се сестрински конзервативни партии и членки на Европската народна партија.

Сега, откако Груевски избега на унгарска територија, настапува тестот за Орбан, кој се движи на тенка линија меѓу движечките европски политики и пркосот што тој го има кон Брисел.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија1 час

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет2 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет2 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет4 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет4 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет5 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија10 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет11 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет13 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет17 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет21 час

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет21 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет22 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет22 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет23 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет23 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија24 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет24 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...