Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Карло Ромео: Трст ќе биде нов моментум за Балканот

Објавено пред

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео во интервју за „Макфакс“ најави дека на самитот во Трст, што ќе се одржи идната недела, Македонија треба да добие европска финансиска поддршка за голем проект, што претходно не поминал во Париз. Тој не сакаше однапред да соопшти за каков проект станува збор, но рече тоа е нешто на што амбасадата и Италија работеле подолг период за да се оствари.

dobivaj vesti na viber

Според амбасадорот Ромео, вредноста на проектите што ќе бидат одобрени за реализација во Трст ќе биде над 150 милиони евра. На самитот, на кој ќе учествуваат лидерите на Германија, Ангела Меркел, на Франција Франсоа Макрон, на Италија Паоло Џентилони и веројатно на Австрија, ќе биде формирана Регионална стопанска комора со седиште во Трст и, по осум години тешки преговори, ќе се потпише договорот за создавање Транспортна заедница на Западниот Балкан.

Околу идејата за заеднички пазар на Западниот Балкан, што ја промовираше еврокомесарот Јоханес Хан а јавно ја одбија некои од лидерите во регионот бидејќи ја сфатија како компензација за членство во Унијата, Ромео практично одговори дека не била сфатена на позитивен начин и дека ќе се деноминира како регионална економска област.

„Разбравме дека оваа дефиниција за заеднички пазар испровоцира негативни реакции. Берлинскиот процес не е цел за себе, туку клучен инструмент за олеснување на пристапот на балканските земји кон ЕУ. Тоа е неговата стартегиска цел, да му даде повеќе енергија на процесот. Тој треба да ја помогне регионалната соработка и прифаќањето на европските регулативи. Идејата не беше создавање заеднички пазар туку повеќе интеграција меѓу балканските земји“, одговори Ромео. Притоа тој најави дека во Трст, паралелно со самитот ќе се одржи и економски форум на кој ќе учествуваат над 500 компании од Италија и од Балканот. Тој најоптимистички оцени дека Трст ќе биде нова страница и нов моментум за шестте земји од регионот.

За предлогот на германскиот шеф на дипломатијата, Зигмар Габриел, за зголемување на помошта за Балканот преку пакет што тој го нарече „Берлин плус“, амбасадорот Ромео рече дека нема информација дека тој ќе биде објавен во Трст. Станува збор, оцени тој, за германска идеја која се уште е на инцијално ниво и по се изгледа се чека да поминат изборите во Германија, за да биде формализирана.

Првпат на самитот во Трст,на барање на Италија, ќе се расправа и за борбата против корупцијата, поради оценката дека ова прашање е клучно за општествата во регионот. Под покровителство на италијанската анти-корупциска агенција ќе биде формирана мрежа за соработка на ваквите антикорупциски тела во регионот, што ќе опфати размена на знаења, помош за законската регулатива, студиски посети и подобрување на способноста за нивна реакција.

Амбасадорот проговори и за најновиот потег на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, т.е. формирањето десет место една парламентарна група, што во јавноста се сфати како јасна најава за правење опструкции во законодавното тело.

„Важно е тоа што се прави да биде на линија со законската регулатива, да биде во законската рамка. Во овој посебен момент, кога земјата треба да ги финализира важните реформи, потребно е да има што повеќе консензус меѓу власта и опозицијата. Поради предизвиците со кои се соочува Македонија, што се толку многу големи, ви треба национална кохезија . Знам дека е тешко да се постигне таа, но важно е опозицијата да биде инволвирана во реформите на Владата.

Од самиот почеток, кога дојдов тука, забележав дека сите зборуваат за ЕУ и НАТО како стратегиски цели на Македонија. Ниту една политичка партија не вели – ние сме против. Иако има различни мислења како да се постигнат реформите, на крајот на денот заеднички интерес на сите граѓани е приклучувањето кон НАТО и ЕУ. Знам дека е полесно да се каже тоа отколку да се оствари и дека борбата во Парламентот може да биде тешка. Дури и во мојата земја, Италија, нивото на политички поделби некогаш е многу големо. Но, очекувам барем за главните прашања и предизвици да има заеднички пристап“, порача Ромео.

За информацијата дека Владата решила да го преиспита тендерот за изградба на Клиничкиот центар, вреден 72 милиони евра, што го доби конзорциум предводен од италијанската компанија ИНСО Системи, Ромео вели дека според неговите сознанија, одлуката не е конечна.

„Немам прецизна информација. Колку што разбрав, Владата се уште не решила што да прави со договорот за Клиничкиот центар. Постои идеја тој да биде ревидиран, но не сум сигурен дека има финална одлука. Затоа, ќе ја чекаме одлуката на Владата.

Инвестициите на италијанските компании се важен дел од задачите на амбасадата, така што ќе ги следиме настаните околу ова можно инвестирање. ИНСО е многу искусна компанија на меѓународно ниво и со многу искуство и во регионот. Веќе има работено на проекти во Грција, во Србија, во Бугарија…Има добар капацитет, добро знаење и добра репутација, а покрај тоа во конзорциумот што треба да работи на Клиничкиот центар треба да влезат две големи македонски компании. Целиот процес околу овој проект исто така ќе биде анализиран од европските финансиски институции, бидејќи сретствата за него се од банка на Советот на Европа. Затоа се надевам дека одлуката за тендерот ќе биде потврдена“, порача амбасадорот на Италија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 час

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија4 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија5 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија6 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет7 часа

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет7 часа

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија7 часа

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет8 часа

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет8 часа

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет8 часа

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија19 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија19 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија20 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет23 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија1 ден

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија1 ден

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија1 ден

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија1 ден

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...