Македонија
Ковачевски го означи крајот на грејната сезона за оваа година: Успеавме да ги заштитиме граѓаните
Премиерот Димитар Ковачевски во „РЕК Битола“, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, раководството на РЕК, раководители, вработени во енергетските капацитети, во присуство на медиумите го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените, кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
„Грејната сезона почна на 15 октомври 2022 година, вие се сеќавате дека на самиот нејзин почеток имавме совет за безбедност во државата, на кој го презентиравме планот што нè водеше во текот на целата ова грејна сезона. Тогаш јас се сеќавам што кажав, дека имаме многу јасно пред нас и активности и кадровски ресурси и контакти со соседните држави, со цел да обезбедиме наперченост во снабдувањето со електрична енергија. Тогаш кажав дека постојат и ризици, кои доколку се остварат, тогаш, како многу други држави, ќе имаме проблеми. Но, токму поради стручноста, напорот што го дадоа сите вработени во ‘ЕСМ Македонија’, ние имавме непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во текот на целата зимска сезона. Во услови на најголема светска енергетска криза, кога дел од земјите го пролонгираа почетокот на грејната сезона, нашите граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно, кое почна во точно пропишаниот рок и во текот на целата грејна сезона.
Оваа зима, која беше исклучително комплексна и со очекување геополитичките случувања да кулминираат преку енергетски условувања, ние имавме само една цел, а тоа е да ги заштитиме граѓаните и да ја одржиме ликвидноста на компаниите како во електроенергетскиот сектор така и во сите други области на индустријата и услугите.
Успеавме да ги заштитиме граѓаните благодарение на трудот што го вложивте вие вработените во ЕСМ и сите подружници“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.