Македонија
Ковачки: Петровска манипулира дека има нарушена психичка состојба врз основа на што бара отштета
Беа изнесени доказите од наша страна, меѓутоа ова е уште еден блед обид на министерката за одбрана да манипулира, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска почна судското рочиште пред Основниот суд 2 Скопје по тужба од Славјанка Петровска.
Ковачки изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста укажувајќи дека дури и Ковачевски кажал дека тоа е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што, како што рече тој, не би требало така да биде.
„Гледате дека таа самата има доставено едно мислење, односно вештачење од психијатар специјалист, со што сака да ја манипулира јавноста, односно за својата емотивна и психолошка состојба. Гледате дека и самиот премиер рече дека тоа вештачење е за потребите на судот, но не и за потребите воопшто во текот на работењето. Јас ценам дека тоа не би требало така да биде“, смета тој.
Ковачки ги повика новинарите да истражат дали има некој друг ваков случај во кој психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење, додавајќи дека тоа е од јавен интерес за граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.