Македонија
Израелскиот министер од Скопје порача: Ќе продолжиме да се бориме сè додека не го елиминираме Хамас

Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, пред почетокот на денешниот министерски состанок на ОБСЕ, за разлика од многумина, застана пред новинарите на влезот на салата „Борис Трајковски“ и рече дека Израел, откако ќе бидат ослободени заложниците и ќе заврши примирјето, ќе продолжи да се бори сè додека не го елиминира Хамас.
„Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците, војната што почна, потоа и страдањето на луѓето во Газа – тоа е Хамас ИСИС. Ние ќе продолжиме да се бориме сè додека не ги вратиме сите наши заложници и сè додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободи Газа од Хамас ИСИС. За да се осигури дека вакви дела нема да се појават на ниедно друг место во светот“, рече Коен.
Израел ќе го почитува прекинот на огнот сè додека не бидат ослободени заложниците, а потоа Коен рече дека ќе продолжат да се борат. Иако недвосмислено рече дека Хамас е одговорен за маскарот, Коен направи паралелела со војната во Украина и рече „всушност, видовме дека оваа земја што се бори и ја поддржува борбата против Украина го прави истото против Израел во моментот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.