Македонија
Левицата како политички исцедок на СДС беше основното орудие со кое Јакимовски го спроведе насилството за да биде донесен буџетот на Општина Карпош, вели Вељановски
Втор ден откако се погазени и престанаа да се почитуваат законите, Деловникот и Статутот на Општина Карпош, вели Роберт Вељановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош.
„Левицата како политички исцедок на СДС беше основното орудие со кое Стевчо Јакимовски го спроведе насилството за да биде донесен буџетот на Општина Карпош за 2024 година. Од претседателот на Советот, кој доаѓа од редовите на Левицата, сѐ уште има само молк, но затоа објавите на Јакимовски го потврдуваат фактот дека вчерашните немили и срамни настани на седницата на Советот беа спроведени по однапред договорено сценарио помеѓу Левицата, СДС и Јакимовски“, вели тој.
Со објавите на градоначалникот, како што додава Вељановски, се потврдило дека дел од изведеното сценарио е и непојавувањето на претседателот на Советот на Општина Карпош на седницата.
„Неговата замена како претседавач со Советот со советник под целосна и недвосмислена контрола на Јакимовски, инаку советник од редовите на ГРОМ, бруталната злоупотреба и манипулација на вработените во општинската администрацијата за вршење политички притисок врз советниците во Советот, е ставање на целата структура на Општината во корист и служба на градежната мафија. Вчерашната седница ни ги навести и не ги најави и средствата и начинот со кои Левицата има намера да им помогне на Јакимовски и на СДС за усвојување на спорните ДУП-ови, ‘Алумина’, ‘Млечен’, Нерези и многу други. Граѓаните ги препознаа евтините трикови на Левицата, граѓаните ги препознаа и скриените договори на Левицата, СДС, Јакимовски и градежната мафија. Граѓаните ја препознаа и опасноста и ризикот дека истото ова ќе се обидат да го повторат, но исто така граѓаните веќе знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект во Советот на Општина Карпош кој може да ги заштити Карпош и интересот и карпошани. Не знаеме каков договор и каква награда очекуваат Левицата, СДС и Стевчо Јакимовски, но затоа знаеме дека ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да ги спречиме“, додава Вељановски и истакнува:
„Наместо градоначалникот да ги навредува и да ги упатува советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата од Советот на Карпош на психијатриски прегледи, му препорачуваме да го искористи времето и добро да размисли пред да ја потпише одлуката за донесување буџет на Општина Карпош за 2024 година. Треба да знае дека за кршење на сите законски процедури се одговара. Уште еднаш оттука повторуваме дека ќе ги искористиме сите легални правни средства, ќе ги поднесеме сите потребни претставки и ќе се обратиме до сите надлежни институции за да ги спречиме во нивните намери“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кадровски промени на Водно, правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, пратник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.
Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.
Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.
Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Македонија
Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.
На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.
Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа.
Македонија
Отфрлени се тужбите на „Европскиот фронт“ од Уставниот суд, ќе има прегласување
До доцна во ноќта Уставниот суд расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата „Европски фронт“. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места.
„Европскиот фронт“ имаше поднесено седум тужби на одлуките на ДИК, а Управниот суд беше ограничен со роковите за нивно решавање.
Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.
Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.