Контакт

Македонија

Тасевски доби поддршка и од делегацијата на ЕУ: На 10 јануари ќе го затвориме небото над Македонија ако не се постапи по нашите барања

Објавено пред

Претседателот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, денес, на делегацијата на ЕУ во земјата ѝ реферирал за вчерашниот упад во контролата на летање, но и за сите случувања во М-НАВ. По средбата со претставниците на ЕУ, Тасевски рече дека добил поддршка и од нив, уште еднаш ги повтори барања на Синдикатот и најави дека на 10 јануари ќе го затворат небото над Македонија доколку Владата не постапи како што најави оти повеќе ниеден патник со авион кон и од Македонија не е безбеден.

dobivaj vesti na viber

„Бевме повикани во канцеларијата на ЕУ само поради вчерашниот напад на контролорот на летање. Очигледно дека и делегацијата на Европската Унија во нашата земја и амбасадорите ревносно ги следат сите случувањана не само во контролата на летање туку и во другите институции. Беа премногу добро запознаени со она што се случува и со сите овие лица што се инволвирани во сите овие настани. Ги разбраа нашите барања за професионализам и рекоа дека тоа се сосема нормални очекувања. Не треба да биде поинаку. Рекоа дека е нѐ следат, ќе ни дадат поддршка, ни стојат на располагање. Жално е што ова веќе одекнува насекаде. Ние моравме да ги известиме преку нашите институции со кои соработуваме, сите синдикати во Европа. Ја известивме светската организација на контролорите на летање, известени се меѓународните организации, како ‘Еуроконтрол’. Ова веќе ги преминува границите на нашата држава бидејќи е очигледно дека во рамките на оваа држава, во рамките на нашите институции, не ја добиваме целосната поддршка за она што треба да се направи за контролата на летање да биде професионална во рамките на некое европско ниво“, рече Тасевски и најави дека европските синдикати се организираат со посета на Македонија да им дадат поддршка.

Тасевски рече дека МВР постапило по нивното барање и од синоќа ја обезбедува нивната зграда оти немаат доверба во нивното обезбедување, кое пропушти четири автомобили и овозможи упад во контролата на летање. Тие доцна синоќа, освен обезбедување, побараа и МВР веднаш да почне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, да ги открие и вработените и лицата што не се вработени кај нив, а учествуваа во нападот. Ги повикуваа тројцата извршни директори во М-НАВ АД Скопје веднаш да си дадат оставки од функциите, пред сѐ, од морални причини поради ескалацијата на состојбата оти покажаа дека не може успешно да раководат со македонската навигација, ниту да ги заштитат своите вработени, како и самиот објект од упад на неовластени лица. Ги повикаа да не чекаат да бидат разрешени, како што доцна синоќа најави Владата.

Тасевски вели дека нивните следни чекори зависат од Владата.

„Очекуваме дека ќе го исполнат она што го најавија преку медиумите, да ги разрешат, да постават соодветни кадри, да ја поведат постапката која ќе констатира дали има потенцијални криминали корупции, што и да е она што е противзаконски направено кај нас. Во случај тоа да не се реализира, решени сме од 10 јануари да го затвориме воздушниот простор над Македонија од причина што веќе не станува збор само за подобрување на работните услови, сега имаме битка што се води за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој патник што патува со авион“, најави Тасевски.

Владата доцна синоќа најави дека на следната седница ќе го разреши целото раководство во М-НАВ и ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција, Управата за финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќајот да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи

Објавено пред

СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.

dobivaj vesti na viber

– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации

Објавено пред

„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.

„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.

Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.

„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Објавено пред

Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

dobivaj vesti na viber

– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.

На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет12 часа

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет15 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ17 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија17 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ17 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија17 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион19 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет20 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија21 час

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија1 ден

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион2 дена

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија2 дена

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија2 дена

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија2 дена

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија2 дена

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија2 дена

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 дена

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...