Македонија
Левицата од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи
„Активистите на Левица во Охрид поставија табла на нелегалниот објект на бизнисменот од ДУИ, Нефи Усеини. Оваа герила акција го симболизира молкот на институциите на локално и централно ниво пред дивеењето на Усеини. Со уништувањето на овој културен објект во Охрид, кој ја симболизира антифашистичката борба, се потврди немоќта на СДС и ДПМНЕ пред насилието на ДУИ“, велат од Левица.
„На оваа локација се наоѓаше препознатливата бела куќа, во која на 26 и 27 ноември 1941 година беа осудени неколкумина истакнати антифашисти со смртна казна и казна затвор. Оваа куќа требаше да биде реконструирана, но, за жал, е целосно збришана. Иако во август 2023 година, градежен инспектор донесе решение за отстранување на нелегалната доизградба на објектот, работите на терен продолжија“, додаваат оттаму.
На денешната прес-конференција, советничката од Левица – Виолета Аврамоска посочи дека до пред неколку недели постоеше спомен – плоча од НОБ, сведок на почетокот на антифашистичката борба на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор.
,,Газда Нефи се дрзна да ја искрши и отстрани спомен – плочата. Овде Нефи го сруши АСНОМ. И покрај бурните реакции на охриѓани, до денес ниту Општина Охрид, ниту градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, не излегоа со реакција за осуда на овој вандалски чин. Дали тоа значи дека Нефи Ик ја отстрани спомен – плочата од НОБ со одобрување на неговиот тендер – партнер? Кому и зошто во Охрид му пречи антифашистичката борба на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор ? Зошто во Охрид е отстранета и последната спомен – плоча од НОБ? Од оваа локација ги повикуваме сите одговорни институции под итно да ја вратат спомен – плочата од НОБ на македонскиот народ!” – истакна Аврамоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

