Македонија
Левицата: Тутунопроизводителите го бојкотираат откупот на тутунот
Иако официјално почна откупот на тутунот, на откупните пунктови нема достава на тутун. Тутунопроизводителите го бојкотираат откупот и не го предаваат тутунот на откупувачите, со барање истиот да се плати реално, велат од партијата Левица.
„Цената која им се нуди од 300 ден за килограм прва класа е прениска за вложените инпути и тутунарите бараат истиот да се плати по 600 ден килограм. Годинешниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Лошите владините политики овие години во однос на тутунот, а и сите други земјоделски производи, доведоа до намалување на производството и на посеаните површини“, велат од партијата
Левица изразува поддршка на легитимните барања на тутунопроизводителите, да истраат во нивниот бојкот на откупувачите, да не го предаваат тутунот додека не им се исполнат барањата за исплата на реална производствена цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател
Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија.
Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само шест пратеници.
Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието. За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“.
Претходно Амар Мециновиќ од Левица, рече дека токму Гаши ја спаси минатата влада да не падне и сега го крунисува тоа со нова функција, а во последните 100 дена ќе биде и премиер.
Неговиот сопартиец Борислав Крмов забележа дека со измените на Деловникот на Собранието ќе се носат закони по брза лената и оти е ограничена дебатата.
Македонија
Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците
Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и ги верифицираше мандатите на 118 пратеници.
Mандатот на пратениците од стариот собраниски состав завршии.
На новите пратеници кои се носители на други функции исто така им престана функцијата.
На шест пратеници им се прекинува функцијата во Владата заради што Владата ќе ги извршува само техничките функции до избор на новата влада.
Талат Џафери, кој моментално е премиер во техничката Влада, нема да учествува во работата на Собранието се до изборот на новата влада.
Скопје
Mеѓуопштински натпревар во прва помош за учениците од училиштата во Ѓорче Петров
Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учество зедоа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.
„Ова е еден од начините организиран од Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст – Карпош преку натпревар да ги едуцира учениците со придобивките од познавањето на првата помош.
Натпреварите се организираат на општинско, градско, регионално и на државно ниво и имаат цел да ја зголемат јавната свест за улогата и значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. Целта е, пред сè, најмладите да се стекнат со основни познавања и вештини за правилно и навремено укажување прва помош“, велат од Општината.
Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе поддржи настани со цел едукација на нашите млади жители во насока на хуманоста и солидарноста, додаваат од Општината.